Сурфање на интернет: Совети за родители

Сурфање по интернет

 Придобивки

Сурфањето по интернет е како на своите дланки да ја имаш најголемата библиотека или најголемиот систем за забава. Децата можат да читаат приказни, да разгледуваат музеи, да посетат други земји, играат игри, разгледуваат фотографии.

Можни ризици

  • Децата може да налетаат на сајтови со слики и содржини со сексуални, расистички, насилни и неточни информации;
  • Децата може да имаат потешкотии  во одредувањето на кредибилитетот и релевантноста на информациите пронајдени на интернет. Некои наивно сметаат дека ако нешто е поставено на интернет значи е точно.

 Совети за минимизирање на потенцијалните ризици

  • Користете интернет пребарувач со сигурносни механизми. Има веб пребарувачи дизајнирани посебно за деца, или системи кои овозможуваат филтрирање на содржините на интернет соодветно на возраста;
  • Научете ги децата кога ќе видат содржина на интернет која ги вознемирува или плаши веднаш да кажат на некој возрасен на кој му веруваат. Тоа е возрасен на кој вашето дете му верува и со кој вие и вашите деца се чувствувате сигурно.
  • Помогнете му на вашето дете да пронајде информации на интернет. Пребарувајќи заедно  вие ќе му помогнете на детето да пронајде релевантни информации на интернет и да ги разграничи фактите од фикцијата;

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s