Придобивки
Денес многу родители гледаат на мобилните телефони како уред кој им овозможува во секој момент да бидат во контакт со своето дете.
Можни ризици
- Мобилните телефони им овозможуваат на децата да комуницираат со другите без контрола од родителите;
- Некои деца ги користат мобилните телефони и другите безжични уреди за да прават сексуални експлицитни фотографии од самите себе или од другите и да испраќаат фотографии на другите. Кога еднаш овие фотографии ќе се испратат не постои начин да се сопрат и тие ќе циркулираат низ и да се препраќаат. Сликите поставени онлајн може да циркулираат бесконечно повредувајќи ја репутацијата на детето и може да бидат искористени од други;
- Децата исто така може да поставуваат срамни фотографии од други во форма на „булинг“ – малтретирање;
Совети за минимизирање на потенцијалните ризици
- Создадете правила и поставете граници за користење на мобилните телефони во смисла за што може да ги користат овие уреди и со кого да комуницираат;
- Проверувајте ги записите на мобилните телефони за разговори со непознати броеви и разговори доцна во ноќта;
- Научете ги децата да не го постираат бројот на својот мобилен телефон онлајн;
- Разговарајте со своите деца за можните импликации за испраќање на свои сексуално експлицитни и провокативни слики;
- За помалите деца добро е да се оневозможат интернетот , четот на мобилните телфони;