Oдбележување на Денот за побезбеден Интернет во О.У „Гоце Делчев“ с.Стенче

Во нашето училиште претходната недела се организираа и спроведоа низа активности по повод одбележувањето на светскиот ден за побезбеден Интернет. Преку овие активности, учениците, родителите и наставниците ги проширија своите знаења за безбедно користење на Интернетот. Се нагласија предностите и убавините кои ги нуди Интернетот, но и опасностите кои не демнат додека сме на Интернет, и нас возрасните но особено децата и нивната љубопитност. Учениците од шесто одделение добија анкетни листови со прашања за тоа колку и како се користи Интернетот во нивните домови. Следниот ден беше организирана работилница на која присуствуваа истите ученици од шесто одделение, нивните родители, наставници од нашето училиште и училишниот педагог. Работилницата ја отворија учениците кои благодарение на изучените содржини од часот по Информатика им објаснија на родителите што е тоа Интернет, како се поврзуваат компјутерите и што добиваме од Интернетот. Дискутиравме околу тоа што им е најубаво на Интернет и што би правеле доколку се исклучи Интернетот. Потоа и родителоите ги пополнија анкетните листови и заедно проследивме неколку видеозаписи за опасностите на Интернет и последиците од нашите активности таму. Како дел од работилницата родителите организирани во мали групи (родител и ученици) ги анализираа предностите и можните ризици од сурфањето на Интернет, социјалното вмрежување, користење на мобилни/телефони итн. Откако сите завршија заедно дискутиравме околу напишаните мислења и околу мерките за спречување на можните ризици од различните ситуации. Во меѓувреме учениците добија задача да го пополнат бармоетарот на емоции кој на крајот на работилницата заеднички го анализиравме и објаснувавме. Учениците беа задоволни од работилницата, научија и ветија дека ќе прават многу добри дигитални дела. Родителите беа задоволни исто така, бидејќи научија многу нови работи и кажаа дека навистина овие активности им биле од корист. Наставниците меѓу кои и јас, бевме задоволни што нашите ученици ги воочија овие опасности за кои делумно и не беа свесни дека ги демнат на Интернет, научија како да се справат со нив и да бидат побезбедни на Интернет, а родителите соработуваа максимално. Во склоп на овие активности, беа изработени и плакати за побезбеден Интернет.

Напишете коментар