Во ОУ „Кочо Рацин“ – Петровец беше одбележан Меѓунараодниот ден за побезбеден Интернет под мотото „Ајде да создадеме подобар Интернет“ од 9 – 12.02.2015.
Во активностите беа вклучени ученици од 6 одд. до 9 одд., родителите и настваниците се со цел да се подигне нивото на размислување за слабите и добрите страни при користење на Интернетот.
Во склоп на ова во текот на неделата беа направени голем број на активности под менторство на наставничката по Информатика Ана Стојменовиќ. Дел од активностите кои беа реализирани се: Предавање и презентација на учениците за насилство на Интернет покриено со едукативно видео за злоупотребата на Интернетот; Презентација на наставници (целта е подигање на свеста и на наставниците колку треба да сме внимателни при споделување работи со учениците, како и истите да делуваат на децата за користење на Интернет); Презентација и работилница со родители („Колку родителите имаат клучна улога во помагањето на децата да им обезбедат безбедни и позитивни искуства за користење на Интернет“), Изработка на квиз, пано, брошури, презентации на тема „Пораки и совети за безбедно користење на Интернет“…
Kако следна активност планирано е секој одделенски наставник, дел од часот за животни вештини да биде посветен на темата Безбедно користење на Интернет.
Пингување: Nedela na informatika | Наша Училница