Активности по повод Денот за побезбеден интернет

Тема: Дај свој придонес за побезбеден интернет

 

Работилница: Носи ги своите зборови – позитивни коментари

Главните активности оваа година ќе се одвиваат околу позитивната комуникација. Учениците може да носат маички во светли бои на кои ќе си запишуваат едни на други позитивни коментари. Како алтернатива на маичките се стикери кои ќе си ги лепат на облеката и на кои учениците ќе си запишуваат позитивни коментари. Стикерите или маичките ќе ги носат за цело време додека се на училиште. Исто така стикери со позитивни коментари може учениците да им оставаат и на наставниците.

По завршувањето на наставниот ден со учениците се дискутира за тоа како се чувстуваат откако цел ден добиваат позитивни коментари и даваат позитивни коментари.

Разговорот продолжува кон тоа како се чувстуваат кога даваат позитивен коментар онлајн и што мислат како тоа влијае на тој што го добил коментарот.

 

Работилница: Сподели срце

Учениците може да нацртаат срце на лист хартија и да го исполнат со позитивни пораки. Срцата да се споделуваат како на веб сајтовите на училиштата исто така ве охрабруваме да ги споделите и на твитер со хаштагот #NedelanaInformatikata и истите ќе може да се погледнат и на лентата за твитер на нашиот сајт.

Учениците може да бидат креативни и да направат срца на многу начини и истите да ги фотографираат и да ги постираат.

 

Текстот за работилниците може да го преземете и тука: активности за целото училиште

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s