Учениците се делат во групи од по 3-4 ученици. Секоја група добива по 5 стикери на кои треба да наведат 5 работи (кои се однесуваат на нивната личност или нивните интереси) кои би биле среќни да ги споделат онлајн. Потоа се собираат стикерите од сите групи и се сместуваат во две колони: во првата работи кои се слични за секој од нас, а во втората работи по кои се разликуваме. Се започнува дискусија според прашањата:
– Која колона има повеќе стикери?
– Зошто сме сите ние различни?
– Како би изгледало да сме сите исти?
– Дали е погрешно да бидеш различен?
– Дали е правилно да се однесуваш непристојно со некој само бидејќи е различен од тебе?