Одбележан Денот за побезбеден Интернет во ООУ „Крсте Мисирков“, Скопје

Учениците од ООУ „Крсте Мисирков“ Скопје, и оваа година се вклучија во одбележување на Денот за побезбеден Интернет, со цел промовирање на побезбедна и поодговорна употреба на онлајн технологиите, особено меѓу децата и младите луѓе низ светот. Оваа година мотото на кампањата е „Play your part for a better Internet” позади кое стои потребата од позитивна комуникација како во реалниот, така и во дигиталниот живот. Во таа насока учениците од IX одделение, заедно со наставничката по информатика Маја Виденовиќ, организираа низа на активности и работилници со учениците од пониските одделенија чија крајна цел беше поттикнување на размислување за безбедноста на Интернет, како и одговорноста која секој од нас ја има онлајн.

Како почетна активност беше спроведена поделба на брошури за ученици и наставници при што беше дискутирано за тоа што може секој од нас да направи за да може да се чувствуваме побезбедни на Интернет. Со учениците реализирани повеќе работилници кои ја потенцираа потребата од позитивната комуникација („Сите сме различни“, „Носи ги своите борови – позитивни коментари“ и „Сподели срце“), квиз за тоа како треба да се однесуваме онлајн, а беа разгледувани и содржините на сајтот Безбедно на Интернет – www.crisp.org.mk.

Интересот на учениците, како и секоја година, беше огромен. Сите тие се согласија дека позитивната комуникација е значаен сегмент во однос на одговорното и безбедно користење на Интернетот.

This slideshow requires JavaScript.

 

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s