Во рамките на интернационалната акција за промовирање на програмирањето #Hourofcode во ОУ„Панајот Гиновски“, спроведовме неколку активности. Од особена чест, а и важност беше гостувањето на г-ѓата Билјана Савеска, дипл.програмер. Таа во своето излагање им објасни на учениците што значи да се биде програмер, кој е патот до успешен програмер и од каква важност е професијата програмер. Учениците внимателно слушаа, но и имаа прашања поврзани со програмирањето. По гостувањето кај некои учениците се забележа желба и мотив да се запознаат со програмирањето.
Како дел од оваа акција беа и учениците од IV одд. кои се запознаа со програмирањето преку активност во која беше објаснето графичко програмирање (graph programming). Иако мали, сепак интересот за оваа активност беше огромен.
А дел од #Hourofcode се учениците од VI и VII одд кои зедоа учество и кои стекнаа искуство го креирање на кодови. Некои од учениците после активноста, пробаа сами да креираат игра и да програмираат.