Одбележан Денот за побезбеден интернет во ООУ „Крсте Мисирков“ – Скопје

Учениците од ООУ „Крсте Мисирков“ Скопје, и оваа година се вклучија во одбележување на Денот за побезбеден Интернет, со цел промовирање на побезбедна и поодговорна употреба на онлајн технологиите, особено меѓу децата и младите луѓе низ светот. Оваа година Денот на побезбеден Интернет се одбележа на 07.02.2017 под мотото е „Be the change: Unite for a better Internet” позади кое стои потребата сите заедно да придонесеме за побезбеден Интернет.

На учениците од VI одделение им беа посочени содржините на сајтот Безбедно на Интернет –www.crisp.org.mk и беше дискутирано во врска со истите. Интересот на учениците како и секоја година беше огромен.

Се реализираа работилници со учениците од VI и VII одделение на тема „Фотографиите кои ги постираш“ кои поттикнаа огромен интерес кај учениците. Се дискутираше за фотографиите кои ги поставуваат онлајн, какви се информации можат да се добијат од нив, на што треба да внимаваат кога објавуваат фотографии, што се тоа лични податоци и како да ги заштитат своите лични податоци.

Учениците активно земаа учество во дискусиите, отворено разговараа за нивните активности онлајн, прашуваа прашања и беа заинтересирани како да се заштитат онлајн. Се дискутираше како сите заедно со мал напор можеме да допринесеме за побезбеден Интернет.

 

Наставник по информатика

Маја Виденовиќ

 

Напишете коментар