На 07.02.2016 година насекаде низ светот се одбележува Денот за безбеден интернет, а оваа година одбележувањето е под мотото “Be the change. Unite for a better Internet”. Како и во претходните години, така и оваа нашето училиште учествуваше во активностите предвидени за овој ден.
Пред учениците од IV и V одд. беше презентирано и се дискутираше за моќта на фотографиите, кои учениците ги поставуваат на социјалните мрежи или на Интернет.
Учениците од VI одд., го прифатија Kahoot предизвикот и се натпреваруваа меѓусебно, поделени во групи. Како победници на крајот беа Филип Мартиновски, Александар Димковски и Ива Кипева.
Потоа им беше прикажана презентација „Моќта на фотографијата“.
QR предизвик за учениците од VII одд
Како дел од активностите беше спроведен и QR предизвик помеѓу учениците. Учениците ги откриваа QR кодовите и ги одговараа. Оваа игра предизвика голем интерес, но и го поттикна и натпреварувачкиот дух помеѓу учениците.