Недела на информатиката во ООУ „Димитар Македонски“, Скопје

И оваа учебна година учениците од ООУ „Димитар Македонски“, Скопје земаа учество преку повеќе активности во одбележување на Денот на безбеден интернет- 07.02.2017, преку прокетот  „Недела на информатиката“.

Учениците од 6то и 7мо одделение пројавија особен интерес за QR предизвикот: се трудеа да ги откријат кодираните прашања кои беа поставени во повеќе училници и што побрзо да ги одговорат. Прашањата беа во вид на QR кодови. Учениците работеа во мали групи, при што до израз дојде натпреварувачкиот дух помеѓу учениците и групите.

Не беше помало ниту задоволството од учеството во Kahoot предизвикот. Учениците покажаа дека посебно задоволство им е да користат мобилни апликации, и воедно одлично се снаоѓаат со нив. Преку одговарање на прашањата од материјалот за 6то и 7мо одделение, повторно дојде до израз натпреварувачкиот дух меѓу учениците. Посакаа почесто да има слични активности, како дел од наставните и воннаставните активности по сите предмети.

Учениците од 6то одделение ги проследија и презентациите „Моќта на фотографијата“, при што се разви продуктивна дискусија и учениците јасно ги разбраа пораките од презентациите.

Наставник по информатика

Јулијана Тодоровска

 

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s