Во ООУ Димче Ангелов Габерот –Демир Капија, (06.02 -10.02.2017 год.) се реализираа низа активности со кои се одбележа „Неделата на информатиката“.
-Во текот на неделава учениците од шесто и седмо одд. учествува во QR предизвикот. Кодовите беа скриени низ училиштето. Учениците со своите телефони ги скенираа и ги откриваа прашањата кои се криеја зад нив. Во текот на следната недела треба да ги достават одговорите. Заклучокот беше дека учењето може да биде многу забавно.
-На 7 февруари се одбележа „Денот за побезбеден интернет“ преку работилница со учениците и презентирање на претходно подготвени презентации на тема: „Дигитален отпечаток и моќта на фотографијата“.
-Се изработи хамер со многу корисни компјутерски совети од областа на интернет безбедност.
Активностите ги организираше наставничката по информатика Весна Јовановиќ.