Неделата на информатиката за оваа година ги планира следните активности:
- одбележување на Денот за побезбеден интернет 2018
- активности за промовирање на програмирањето
За одбележување на Денот на побезбеден интернет можете да организирате предавање на тема „Подобриот интернет започнува со тебе“. За таа цел можете да ја искористите презентацијата која е во прилог на овој напис.
Исто така можете да искористите и едно од трите сценарија па преку играње на улоги да се зголеми свеста за побезбедно однесување на интернет.
Исто така ќе се реализираат и работилници за промовирање на програмирањето меѓу учениците. Доколку организирате ваков тип на работилници испратете ни извештај и слики со цел да ги споделиме со што повеќе училишта. Наш предлог е да се организираат Scratch работилници за учениците да изработат кратки програми и да се запознаат со основите на програмирањето. Доколку веќе работите ве охрабруваме да споделите.
Оние училишта кои работат со micro:bit уреди исто така може да се вклучат и да споделат со останатите како ги користат во наставата.
Минатата година Неделата на информатиката беше прогласена за најдобар настан за промовирање на СТЕМ во конкуренција од 280 настани во цела Европа на натпреварот All Stem – All Stars.
Прилози:
Презентација за Денот на побезбеден интернет МК-Safer-Internet-Day-2018-Assembly-Presentation-for-11-14-year-olds
Сценарија: