Во рамките на Неделата на информатиката во ООУ „Крсте Мисирков“ се реализираат различни активности кои имаат за цел да ги воведат учениците во основите на програмирањето. Користењето на различни приоди при изучување на програмирањето има за цел побудување на интересот и мотивацијата на учениците. Една од активностите е користење на игра со која се развива логичкото размислување и се прават првите чекори во креирање на програми.