Во рамките на активностите за промовирање на информатиката, во ООУ „Димитар Миладинов“ Скопје, беше одбележан Денот на побезбеден Интернет. Презентација на тема „Креирај, сподели и поврзи се со почит“ беше извршена од страна на учениците од 4 б одд.. Истата побуди дискусија помеѓу учениците и изведување на заеднички заклучок дека за побезбеден Интернет секој треба да започне од самиот себе, да се однесува онлајн така како што сака останатите да се однесуваат со него! Исто така учениците од Активот на 4 одд., оваа учебна година учествуваа на манифестацијата ЕU COODE WEEK, со работилница „Програмирано движење – Роботи“
Одд. наст. Орданка Мицкова