Недела на информатиката во Центарот за странски јазици Wort од Неготино

Во центарот за странски јазици WORT, учениците од групите за англиски јазик од 1во до 9то одделение, учествуваа во Недела на Информатиката преку разноврсни активности со кои го увежбаа англискиот јазик, а притоа и научија многу нови информации и нов вокабулар поврзан со развојот и употребата на компјутерите и технологијата. 

Некои од активностите вклучуваа различни онлајн квизови преку платформите Kahoot и Plickers, пребарување податоци преку Google, интерактивни вежби со електронски софтвери достапни преку учебниците што веќе ги користиме, разговори со онлајн ботови на платформата Pandora, учење за основите на ракување на компјутер и телефон, цртање и пишување во дигитални платформи и сл.

Реалилзатор: Марија Петрова, проф. по англиски јазик

 Опфатени групи:  од прво до деветто одделение, вкупно 140 ученици.

Активности:

·       1во одд:

-пренесување на фотографии од телефон во компјутер

-отворање на истите во програма за цртање и пишување

-влечење на имиња на соученици, и пишување на името под секоја слика.

*Научивме како да ги пренесеме фотографиите на компјутер , и научивме како се пишуваат нашите имиња на англиски.

·       2ро одд:

-цртеж во интерактивна платформа,  според претходно извлечен збор напишан на англиски.

*Утврдивме дека пишаниот збор можеме да го прочитаме, разбереме и да го претставиме визуелно.

·       3то до 7мо одд:

-увежбување на изучениот материјал преку разни игри, квизови, и пополнување на вежби по електронски пат, со помош на интерактивни софтвери соодветни  на програмата со која работат во учебниците.

-активност со спојување на слики и термини од информатика

-Употреба на мобилни телефони за пребарување на податоци на англиски јазик преку GOOGLE

-Употреба на телефони за решавање квизови на тема ‘Компјутери и Компјутерска Технологија’ преку платформата KAHOOT

– Одговарање на прашања со помош на кодирани картици, преку платформата PLICKERS

*Го утврдивме знаењето на забавен начин, успат научивме нов вокабулар од англискот јазик, и многу информации поврзани со разни факти околу историјата, развивањето, и употребата на компјутерите и технологијата.

·       8мо и 9то одд:

-Презентација на тема ‘Ретроспектива на Електронски Уреди од 90тите до 2000тите’

-Онлајн разговори со ботови на општи или специјализирани теми, употреба на платформа PANDORA.

*Увидовме дека технологијата има екстремно важна улога во секојдневието, и притоа ги увежбавме нашите ораторски вештини на англиски јазик.

One thought on “Недела на информатиката во Центарот за странски јазици Wort од Неготино

  1. Пингување: Nedela na informatika | Наша Училница

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s