По повод Неделата на информатиката и Денот за побезбеден Интернет, кој годинава се одбележуваше на 11 Февруари 2020 год, во нашето училиште (ООУ „Гоце Делчев“ во Демир Хисар) се реализира работилница со 18-те ученици од III-а одд. и одделенскиот наставник Валентина Димоска. На почетокот следеше подготовка за успешна реализација со избор на активности и работилница која одговараше на возраста од учениците и нивни поттик за понатамошно зголемување на интересот за изучување на информатиката, како и нивна безбедност при работа на Интернет (ова се и едни од многуте цели кои се реализираат по предметот Работа со компјутери и основи на програмирањето во III одд. според Наставниот план и програма). Најпрво се дискутираше со учениците за можностите кои ги нуди Интернетот и исто така се информираа како социјалните мрежи и целата онлајн комуникација влијае врз нив и како да се заштитат и да се чувствуваат безбедно додека се на Интернет.
За таа цел, учениците следеа презентација Безбедно за деца со содржини кои ги поттикнаа на размислување, а со тоа ги подготви за следење на следната презентација Побезбедно на интернет. Оваа презентација ја следевме сите заедно (наставничката со учениците од кои формиравме два тима – екипи со натпреварувачки дух), каде следуваше читање на прашањата од квизот и дискусија за одговорите кои ги даваа учениците од двете екипи. Учениците активно учествуваа во дискусијата и научија како да се однесуваат на Интернет и како да постапат ако се најдат во некоја незгодна ситуација. Потоа организиравме kahoot квиз. Учениците се чувствуваа среќно и исполнето.
Во следната активност формиравме 3 групи кои добија соодветни упатства за реализација на активноста и потребниот материјал (големи бели листови и прибор за пишување и цртање). Групите работеа на техниката Грозд и притоа пишуваа Правила за работа со компјутери (Побезбедно на Интернет). На крај членовите од секоја група извршија презентација на идеите, за кои повторно се водеше дискусија, а потоа изработките од групите ги истакнавме во информатичкото катче во училницата.
Планираната работилница богата со активности во успешно и во целост се реализира, а ефектите и придобивките од работилницата се позитивни и продуктивни во зголемување на знаењата на учениците и нивна безбедност на Интернет.
Реализатор на активностите: Валентина Димоска – одделенски наставник во III-а одд. ООУ „Гоце Делчев“ Демир Хисар.
Галерија: