Реализирани активности во ООУ „Ѓорѓија Пулевски“ – Скопје

Во нашето училиште ,,ООУ Ѓорѓија  Пулевски”-Аеродром, се одбележа – Недела на информатика со реализирање на повеќе активности во кои учествуваа учениците од одделенска настава под раководство на наставничката Марија Биковска.

Учениците преку креативен, забавен и интересен начин доаѓаа до решавање на дадените задачи. Поделени во групи тие соработуваа, се договараа и уживаа во реализацијата на активностите. Првиот ден работеа во парови каде со пишување на алгоритми го пронаоѓаа патот до фигурата која беше нивна цел. Наредните денови изработуваа активности кои опфаќаа: Движења според дадени насоки, ориентација во простор, сложувалки, откривање загатки и насоки, ленти и логички редослед на настани, откривање на патека за излез од лавиринт, вовед во кодирање, дадени насоки во табела, дешифрирање. Преку обиди и грешки доаѓаа до вистинското решение.

Целта беше воведување во основите на програмирање, побудување интерес и мотивација кај учениците. Низ игра да дојдат до решавање на проблем. Најдобро се учи преку игра, по пат на обиди и грешки, искуствено учење, така знаењата стануваат трајни, а децата развиваат  вештини за самостојно учење. Играта станува забавна, а знаењата трајни. Тоа е најдобар начин на учење.

Галерија со слики:

 

One thought on “Реализирани активности во ООУ „Ѓорѓија Пулевски“ – Скопје

  1. Пингување: Недела на информатиката во ООУ "Ѓорѓија Пулевски" - ООУ ЃОРЃИЈА ПУЛЕВСКИ

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s