Во рамките на Неделата на информатиката, во периодот од 10 до 14 февруари 2020 година во нашето училиште ООУ„Гоце Делчев“, Демир Хисар го одбележавме Денот на безбеден Интернет на 11.02.2020 година (вторник).
За време на часовите по информатика беа реализирани повеќе активности се со цел да се подигне свеста кај младите (кај децата и тинејџерите) за потребата од побезбедно и поодговорно користење на онлајн технологиите и паметните телефони, како и креирање на подобар Интернет за сите. Беа спроведени повеќе активности на кои учениците се запознаа преку различни вежби и работилници со препознавање и справување со сајбер насилството, заштита на своите лични податоци и слично. Од понудените активности беа реализирани: „Барометар на чувства“, „Ден за побезбеден интернет“ и „Кодирај го своето име“. Учениците беа активни и заинтересирани за време на реализацијата на часовите.
Вкупно учествуваа 122 ученици, на возраст од 11 до 15 години (од VI до IX одделение).
Наставник по информатика
Весна Николовска