По повод Недела на информатиката 2020 и светскиот ден за побезбеден Интернет 11 февруари , во нашето училиште беа реализирани повеќе работилници, со учениците од VI одделение со активности кои ги добивме преку електронска пошта како препорака од страна на организаторите на истата .
Бидејќи сум наставник по Природни науки се обидов преку работилниците и активностите со учениците да направам корелација помеѓу наставните содржи што ги изучуваат по двата предмета и да дадам свој допринес во одбележувањето на Недела на информатиката 2020.
Учениците од VI одделение ја изучуваат тема Пубертет и пубертетски промени , а истотака емоционално се во многу осетлив период ,но земајќи ги во предвид и актуелните случувања со социјалните мрежи работилницата Ден за побезбеден интернет 2020 ни дојде како добредојде.
Со учениците на смарт таблата ја проследивме презентацијата Ден за побезбеден интернет 2020, на секој слајд-прашање отваравме дискусија и секој ученик си кажуваше свое видување и размислување за истото. Додека еден ученик зборуваше ,другите внимателно слушаа , а потоа се надополнуваа едни со други со најразлични примери од реални секојдневни случки и настани.
Потоа имавме kahoot квиз кој ќе го активиравме од следниот линк: https://create.kahoot.it/share/2820c9a0-75fa-49c4-92a1-45511b781cf5.
И на крај учениците се забавуваа пишувајќи ги своите имиња во бинарен систем.
Сите активности се реализираа под раководство на наставникот Маја Давкова.