Учениците од деветто одделение се натпреваруваа во квизот на Kahoot и квизот на тема: Дали си добар Он-лајн пријател. Креираа анимации и игри во Скреч на тема Недела на Информатиката и одбележување на денот за Безбедно користење на Интернет 11.02.2020. Учениците од седмо одделение исто така се натпреваруваа во квизот и ги кодираа своите имиња. Учениците од шесто одделение ги кодираа своите имиња. Сите активности беа одржани на часовите по Информатика под менторство на предметниот наставник Татјана Јанеска Спасева. Во одбележување на Недела на Информатиката 2020год учество зедоа и учениците од 4-2 одд под менторство на одделенскиот наставник Славица Мојсоска. Сите ученици од ООУ,,Григор Прличев,,-Скопје уживаа во активностите и видливо го изразуваа своето задоволство.