Неделата на информатиката во ООУ „Димитар Миладинов“

Учениците од  ООУ “Димитар Миладинов” (VIIIб,в и IXб,в,г), секоја година ја одбележуваат “Недела на информатиката” со низа активности.     Оваа недела посветивме еден час за добрите и на лошите страни на Интернетот, затоа што  оваа недела го одбележува Денот на побезбеден Интернет.

Денот на безбеден Интернет се одбележува во вториот ден на втората седмица на вториот месец во годината. На овој ден илјадници луѓе од целиот свет дават свој придонес да ја зголемат свеста за проблемите кои може да настанат при користење на Интернетот преку  разни настани и активности кои промовираат негово правилно користење.

Оваа година Денот на безбеден Интернет ни се падна на 11 февруари.

Учениците подготвија разни презентации кои ги прзентираа пред своите соученици.

Дебатиравме на темата “Добар, лош и грд на Интернет”. По повеќе искрени искажувања за се што им се има  случено на Интрнет, заклучивме дека треба почесто да зборуваме на оваа тема.

Последниот ден се забавувавме. Кодиравме свои имиња и поими од електрични и магнетни појави со бинарен код и код на боја.

Одговорен наставник: Аида Петровска

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s