Од 10-14 февруари во ООУ “Дане Крапчев“ Скопје беше одржана „Недела на информатиката“. Во проектот беа вклучени ученици од VI и IX одделение. Беа реализирани повеќе работилници и активности:
1.Презентација “Побезбедно на Интернет“ со учениците од VI и IX одд. Заедно со учениците ги поминавме прашањата од квизот и дискутиравме за понудените ситуации. Секој ученик имаше можност да се вклучи во дискусијата и да го искаже сопствениот став. Посебно интерено беше кога учениците кажуваа и имаа различни ставови, и се обидуваа да ги одбранат истите.
2. Работилница за Денот за побезбеден интернет – учениците од IX одд. дискутираа за предностите од користењето на интернет, но се фокусираа и на опасностите кои ги демнат. На крајот од дискусијата пораки за безбедност на Интернет ги запишуваа во бинарна форма, откако добија отпечатена табела со кодови на абецедата. Дел од тие пораки беа запишани во електронска форма, а некои во тврда форма.
3. Активноста “Моето име“ ја реализираа учениците од VI одд. Во ливчето“moeto ime.doc“ (кое беше воразличнибои), со кодови на абецедата ги запишуваа буквите од своето име.
4.Кодирање во Scratch на тема “Безбедно на Интернет“. Учениците од IX одд. изработуваа програма со редоследна структура во која од нивна страна беше избрана една ситуација за која се водеше дискусија и во која секој ученик слободно го искажуваше своето размислување и начинот како би постапил во соодветната ситуација.
Учениците рзменуваа различни ставови, покажуваа различни чувства за исти ситуации и дискутираа како треба да се однесуваат на Интернет.
Одговорен наставник: Марина Пејковска
Пингување: Недела на информатиката во ООУ „Дане Крапчев“ Скопје – ООУ „Дане Крапчев“ – Скопје