Нови активности во ООУ „Тодор Ангелески“ – Битола

Учениците од IV-4 одд. од основното училиште ,,Тодор Ангелевски” од Битола, под раководство на одделенскиот наставник Тања Марковска, се вклучија во реализирање на активности за Недела на информатиката 2020.

Учениците со интерес следеа презентација за Ден за побезбеден интернет, каде преку организирана активност со букви (А,Б,В,Г) даваа свое мислење на понудените одговори на прашањата. Научија и нови и сигурни начини како безбедно да го користат интернетот.

Ја реализираа и активноста ,,Кодирај го своето име”, во која покажаа посебен интерес и задоволство при кодирање на името преку абецедата во бинарен систем.

Следна активност во која се вклучија и ја реализираа учениците,  беше активноста ,,Кодирање  со картони од јајца”. По насоки од наставникот им беа зададени правилата за работа. Учениците максимално се посветија во самата активност. Смислуваа и нови правила за играта, преку прашања на кои би наиделе во некое од полињата на картоните, со чии одговори добиваат поени плус  за продолжување на играта.

Во целост, учениците беа целосно посветени на активностите.Со голем интерес ги реализираа, и научија нови и корисни нешта за часовите по Работа со компјутер и основи на програмирање, како и примена во секојдневниот живот.

Подготвил:

Одделенски наставник Тања Марковска

ООУ,,Тодор Ангелевски” Битола

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s