Во нашето училиште ООУ “Александар Македонски” -Аеродром се одбележа неделата на информатиката, и денот на побезбеден интернет (11.02.2020 г) со мотото “Together for a better internet!”, под раководство на предметниот наставник по информатика Биљана Тримческа.
Учениците од VI и VII одделение активно учествуваа во дискусиите за правилно и безбедно користење на интернетот. Се реализираа повеќе активности како “Барометар на чувства”, квиз на kahoo.it каде одговараа на прашањата, ја следеа презентацијата за Денот на побезбеден интернет. Се погледнаа неколку видеа со приказни превземени од www.crisp.org.mk преку кои подоцна ги формираа правилата за безбедно користење на интернетот.
Учениците го кодираа своето име претставено во бинарен код.