Реализирана работилницата „Барометар на чувства“ во ООУ „Блаже Конески“ – Скопје

ВО НАШЕТО УЧИЛИШТЕ СЕ РЕАЛИЗИРАШЕ РАБОТИЛНИЦАТА „БАРОМЕТАР НА ЧУВСТВА“ ВО РАМИКИ НА НЕДЕЛАТА НА ИНФОРМАТИКАТА.

НА ПОЧЕТОКОТ ОД ЧАСОТ  ИМ ОБЈАСНИВ НА УЧЕНИЦИТЕ ДЕКА ЌЕ БИДАТ ВКЛУЧЕНИ ВО РАБОТИЛНИЦА ПОД НАСЛОВ „БАРОМЕТАР НА ЧУВСТВА“.  ИМ  ГИ ПОКАЖАВ КАРТИЧКИТЕ, ЈА ПРОЧИТАВ ГЛАСНО СОДРЖИНАТА НА СЕКОЈА ОД НИВ И ИМ ГИ ПОДЕЛИВ. ПОТОА ИМ ГИ ПОКАЖАВ ДВЕТЕ КАТЕГОРИИ ВО КОИ ТРЕБА ДА ГИ СТАВАТ КАРТИЧКИТЕ ВО ЗАВИСНОСТ ОД ТОА КАКВИ ЧУВСТВА ИСТИТЕ ПРЕДИЗВИКАЛЕ КАЈ НИВ. ИМ ПОТЕНЦИРАВ ДЕКА ТРЕБА ДА СЕ ИСКРЕНИ И РЕАЛНИ, ДА СЕ ВОДАТ ИСКЛУЧИВО ОД СОПСТВЕНИТЕ ЧУВСТВА А НЕ ОД ПРЕТПОСТАВКАТА КАКО ДРУГИТЕ БИ ОЧЕКУВАЛЕ ДА БИДЕ НИВНАТА РЕАКЦИЈА. ЗА ТАА ЦЕЛ, КАРТИЧКИТЕ НЕ СЕ ПОТПИШУВААТ, ТУКУ ЦЕЛИОТ ПРОЦЕС Е АНОНИМЕН. УЧЕНИЦИТЕ ГИ ПОДЕЛИЈА СВОИТЕ КАРТИЧКИ ВО ДВЕТЕ КАТЕГОРИИ, ПО ШТО ЈАС ГИ ЧИТАВ КАРТИЧКИТЕ ОД СЕКОЈА КАТЕГОРИЈА ПОСЕБНО И ЗАЕДНИЧКИ ГИ РАЗГЛЕДУВАВМЕ, ДИСКУТИРАВМЕ И ДОНЕСОВМЕ ЗАКЛУЧОК ДЕКА НЕ СИТЕ РЕАГИРАМЕ ИСТО ВО ИДЕНТИЧНИ СИТУАЦИИ, ОДНОСНО, СИТЕ РАЗЛИЧНО ДОЖИВУВАМЕ ЕДНИ ИСТИ СИТУАЦИИ. НЕКОИ ДЕЈСТВИЈА ШТО НЕКОМУ НЕ МУ ПРЕЧАТ, НЕКОЈ ДРУГ ГИ ГЛЕДА КАКО ГОЛЕМА НАВРЕДА. ЗАЕДНИЧКИ ЗАКЛУЧИВМЕ ДЕКА ТРЕБА ДА СЕ ПОЧИТУВААТ РАЗЛИЧНОСТИТЕ. НЕ Е ШЕГА КОГА НЕКОЈ СЕ СМЕЕ НА СМЕТКА НА НЕЧИИ ТУЃИ СОЛЗИ. ШЕГА Е КОГА Е СМЕШНО, ИНТЕРЕСНО И ЗАБАВНО ЗА СИТЕ.

ВО РАБОТИЛНИЦАТА БЕА ВКЛУЧЕНИ УЧЕНИЦИ ОД ШЕСТО И ОСМО ОДДЕЛЕНИЕ ОД ООУ „БЛАЖЕ КОНЕСКИ“ СКОПЈЕ, ПОД РАКОВОДСВО НА МЕНТОР ТАТЈАНА ИЛИЕВСКА

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s