Недела на информатиката во ООУ”Панајот Гиновски” со наставничката Благородна Сотиров. Во рамките на глобалната акција “Together for better Internet” се реализираа активности за поттикнување на безбедното користење на интернетот кај учениците.
Како дел од планиранкте активности беше „Кодирање со картони со јајца” реализирана со учениците од IIIодд. Учениците од IV одд. проследија презентација подготвена за нив од учениците од VIодд., а стекнатите знаења ги покажаа преку квиз со помош на Plickers картите. Учениците од VI одд. подготвија презентација за помалите одделенија. Но, проследија презентацијата, па потоа одговораа на прашањата од Kahoot квизот. Истражувачите од VII одд. играа Escape room, во која го спасуваа светот. Сите учесници по завршувањето покрај проширување на знаењата за безбедноста на интернет, добија и благодарници. Се гледаме следната година!