ООУ Браќа Миладиновци од Скопје во месец февруари со низа активности ја одбележа „Неделата на Информатиката“. Во истите учествуваат ученици од информатичка секција, осмо и петто одделение со наставниците Билјана Индова и Божидар Мишиќ.
Најпрвин учениците ги претставија своите имиња со бинарен броен систем.
Потоа се одбележа Денот за побезбеден интернет преку разговор, дебата и kahoot квиз со цел да правилно ги препознаеме причините кои би ја намалиле безбедност на интернет.
Escape –room беше особено интересно за поголемите учениците. Користејќи предходно стекнати знаења, ИКТ вештини снаодливост и брзина поделени во групи се натпреваруваа во потрегата по непознатиот предмет.