Неделата на информатиката беше обележана и во ООУ „Страшо Пинџур“, ООУ „Димката Ангелов Габерот“ Кавадарци, како и во ПОУ „Димката Ангелов Габерот“ с. Сопот, од страна на наставничката по информатика, Горица Мицева.
Децата беа возбудени и ангажирани посебно во Escape room, а покрај тоа имаа можност да го кодираат своето име и презиме како и да се едуцираат Како побезбедно на интернет. Во активностите беа вклучени ученици од 6то, 7мо и 9то одделение.
По повод оваа недела, во ООУ „Димката Ангелов Габерот“ Кавадарци, ученикот Јордан Мiлков од 9то одделение ги запозна учениците од 7мо одделение со програмата Code Blox и основата за програмирање во програмскиот јазик C++.