Одбележана Неделата на информатиката во ООУ „Гоце Делчев“ – Центар, Скопје

Од 07-14.02.2020 во нашето училиште беа одбележани Неделата на информатиката и Денот за побезбеден интернет во второ одделение со наставничката Биљана Стојановска.

Кодирањето им помага на децата да ги визуелизираат апстрактните концепти и им дозволува да бидат забавни и креативни. Кодирањето е основна писменост во дигиталното време и многу е важно децата да го разберат и користат овој  принцип на технологијата.

Затоа и тие со задоволство станаа дел од овој настан.

Активностите ги започнаа со вовед во бинарниот систем. Со помош на презентација и заедничко истражување учениците се воведоа во овој свет. Продолжија со кодирање на своето име со даден клуч на бинарни броеви. Нивниот клуч беше модифициран со букви од кириличното писмо, бидејќи како второодделенци тоа им е познато.  Учениците уживаа во активноста и беа љубопитни како изгледаат имињата на останатите во бинарниот систем.

Го одбележавме и Денот за побезбеден интернет со следење на презентација и креирање на правила за побезбеден интернет. Откако ја проследија презентацијата, дебатираа на таа тема, креираа правила и изработија ладала од хартија и стапчиња на кои секој ученик напиша по едно правило за побезбеден интернет. Заеднички ги залепија на хамер кој го закачивме во училницита со цел да ги користиме правилата и да не ги заборавиме.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s