Реализирани активности за Недела на информатиката во IV -1одд од ООУ “Вера Јоциќ” Скопје одд. наставник Виолета Ванева . Споведовме работилница на тема „Заедно за подобар интернет“. Учениците најпрво ја работеа работилницата „барометар на чувства” тие трребаа да ги стават картичките во зависност од тоа какви чувства истите предизвикале кај нив. Беше проследена презентација за побезбеден интернет, каде што учениците активно се вклучија во дискусијата поврзана со надминување на потенцијалните опасности. Учениците играа пренеси го безбедниот интернет во форма на балон користејќи мрежа направена со волница, движење кое се залагаа врз креативност решавање проблеми и соработка преку игра. Покрај предностите кои ги има користењето на интернет, дискусијата ја фокусиравме и на опасностите кои демнат на интернет и заклучивме дека освен мерките кои можеме да ги спроведеме, најважно е учениците да водат разговори со родителите, наставниците и отворено да дискутираат за потенцијалните опасности. Потоа на крајот спроведовме Kahoot квиз кој учениците со задоволство го работеа.