Денови за заштита на интернет во рамките на Недела на информатиката.
Во нашето училиште ООУ„Блаже Конески“ –Скопје на 14.2.2020г. во I -1 одделение со одделенскиот наставник Јадранка Клисарова се реализира час „Заштита на интернет“ во рамките на Недела на информатиката.
Една група ученици работеа на идентификација кои делови припаѓаат на комјутерот, да го пронајдат натрапникот.
Другите ученици беа поделени во уште две групи, работевме „Барометар на чувства“. Учениците извлекуваа картички јас ја читав содржината и потоа ги класифициравме дали добиените одговори припаѓаат во групата „ме повредуваат“- со скршено срце и „воопшто не ме повредува“- со целосно срце.
Заеднички заклучивме дека сите треба да се почитуваме и да не се повредуваме.
На крајот на часот направивме табела во која запишавме како да се заштитиме на интернет.
Одговорен наставник: Јадранка Клисарова