По повод неделата на информатиката во нашето училиште ООУ Гоце Делчев-централно и п.у.Д.Дисан беа изведени низа активности во кои беа вклучени ученици од 6-то, 7-мо, 8-мо и 9-то одделение. Учениците ги кодираа своите имиња со бинарен код, се натпреваруваа на квиз натпревар поединечно и во тимови на kahoot апликација на Интернет на тема „Како да се однесуваме on-line”, со што преку интеракција и размислување се воведуваа како во програмирањето така и во грижата за нивната безбедност на Интернет.
Ментор: Татјана Јандреска Симонова