Во рамките на одбележување на „Неделата на информатиката“ во нашето училиште се одржа интересен час- Escape room ( Соба за бегство) во корелација на предметите биологија и информатика. Ментори на часот беа наставниците Биљана Илиева и Снежана Проковиќ.
Тема на часот беше Крвоток и користење на микробит.
Во активноста беа вклучени три тима ученици од VII-1 и VIII-1 одделение. Задоволството од успешната реализација на ваков час беше и кај учениците и кај нас, наставниците, како нивни ментори.
Доклку сакате да реализирате ваков час можете да ги искористите подготовката, наставните ливчиња кои со нас несебично ги споделија колешките.