Во рамки на Неделата на информатиката 2020 во нашето училиште се реализираа различни активности.
Во периодот од 10-14 февруари се реализираше натпревар Escape Room. Учениците од 6 и 7 одд. преку решавање на неколку информатички загатки треба да го пронајдат уредот кој е скриен во кабинетот по информатика и со тоа да ја спасат Планетата Земја.
На 11 февруари се реализираа неколку работилници со учениците од 2 -5 одделение. Нив ги реализираа ученици од 6 и 7 одделение – од учениците за учениците. Се реализираа неколку работилници:
Кодирај со картони за јајца – пронаоѓање излез од лавиринт креиран со картони за јајца
Кодирај го своето име – кодирање на своето име во бинарен код
Барометар на чувства
Биди добар онлајн пријател
Одговорен наставник: Ѓорѓина Димова наст. по информатика