Недела на информатиката во ООУ „Дедо Иљо Малешевски“ – Берово

По повод неделата на информатиката во нашето училиште ООУ „Дедо Иљо Малешевски“ – Берово, беа изведени низа активности преку кои учениците ќе навлезат во тајните на информатиката и кодирањето. Во овие активности беа вклучени ученици од 6-то и 7-мо одделение. Учениците ги кодираа своите имиња со бинарен код, учествуваа во други активности со кодирање како на пример „Графички слики“, „Играме плочка“, „Кодирање преку игра“,  учествуваа во работилницата Feeling barometer, се натпреваруваа на квиз натпревар на kahoot апликација на Интернет на тема „Како да се однесуваме on-line”, со што преку интеракција и размислување се воведуваа како во програмирањето така и во грижата за нивната безбедност на Интернет.

Како дел од работилницата гледавме и видео кое е адаптација на видеото од веб сајтот Безбедно на Интернет crisp.org.mk со наслов  Онлајн граблицви: Опасна средба.  

Сите овие активности беа реализирани под менторство на наставничката по информатика Изабела Бакаловска.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s