Недела на информатиката во ООУ „Кочо Рацин“ – Охрид

Децата ширум светот секојдневно се присутни на интернет и при тоа имаат можност да ги искусат придобивките и негативните последици од неговата употреба. Идентификувањето на содржините и активностите кои ја нарушуваат безбедноста на децата е клучно за правилно дејствување и преземање понатамошни чекори за справување и намалување на ризиците од неправилното користење. Вклучувањето во Неделата на информатиката (6-10 Февруари) и одбележувањето на Денот на побезбеден интернет е одлична можност да ги нагласиме советите кои ги упатуваме во текот на целата година во однос на тоа како да останеме безбедни при користењето на интернетот.

Активностите беа реализирани со учениците од VIII/2 одделение при ООУ „Кочо Рацин“ од Охрид и учествуваа вкупно 17 ученика.  Започнавме со презентација за побезбедно користење на интернетот при што дискутиравме за предностите и недостатоците на интернетот. Се потсетивме на апликацијата за изработка на аватари Bitmoji и изработивме постер во PosterMyWall. Потоа учениците работеа во колаборативната алатка Lino при што пишуваа свои размислувања во однос на придобивките од употребата на интернетот; различните извори на информации; споделувањето на содржините на интернет, особено на личните податоци; коментарите кои ги пишуваат и како да се заштитат од непријатностите. Главната идеја беше да се поттикнат учениците прво да размислуваат, а потоа да кликнуваат. На учениците им беше нагласено дека секоја фотографија нема дозвола за слободно преземање и се запознаа со веб страницата за слободно користење на фотографии Pixabay. Тие оттаму преземаа фотографии и ги поставуваа во Lino. Како завршна активност учениците ја играа играта во Kahoot која беше споделена од страна на Центар за иновации и дигитална едукација ДИГ-ЕД.

Татјана Лошкоска, наставник по природни науки и биологија

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s