Недела на информатика во ООУ „Панајот Гиновски“ – Скопје

На ден 07.02 и 08.02.2023 година ученици од ООУ „Панајот Гиновски“ од следниве паралелки: 6-1, 6-2, 7-1 и 7-2 учествуваа во активности приготвени од страна на училишниот специјален едукатор и рехабилитатор Теодора Костичевска и наставничката по информатика Нора Нурединовска.

Целта на овие активности беше учениците да научат како најбезбедно и продуктивно да го користат интернетот и социјалните мрежи, а со тоа да внимаваат каква содржина споделуваат и на кои од пласираните информации може да им веруваат.

Учениците од 6-2 беа вклучени во активности под наслов „Feeling barometer“- покажавме дека луѓето може да имаат различни чувства за исти ситуации и „Носи ги своите зборови- позитивни коментари“- развивање на позитивна комуникација помеѓу соучениците.  

Учениците од 6-1 беа вклучени во активност под наслов „Играме плочка“- Се ставија во улога на компјутер и програмер.

Учениците од 7-1 се здобија со знаења за безбеден интернет преку презентација и беа вклучени во активност под наслов „Кодирај го своето име “- Преку отпечатена табела со кодови на абецедата тие го добија своето име.        

Учениците од 7-2 беа вклучени во активност под наслов „Графички слики“-учениците изработија алгоритми за различни шеми.                                                

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s