По повод Недела на информатиката 2023 во нашето училиште ООУ “Димитар Македонски”- Аеродром, Скопје во перодот од 06.02.-10.02.2023 год. беа одржани и изведени повеќе активности со учениците од V, VI и VII одделение. Учениците проследија презентации на тема Сајбер безбедност, Медиумска писменот и справување со дезинформации. Со разговор и учење преку игра (изработени во Scratch на тема онлајн безбедност) научија кои се предностите/опасностите од нивните онлајн активности, како да се заштитат и да ги почитуваат правилата и насоките за безбедно користење и комуницирање преку Интернетот. Учениците од VII одделение исто така со голем интерес и задоволство ја реализираа активноста Потрага по богатство, решавање на загатки од информатика преку qr кодови.
Дел од учениците од VII одделение беа ангажирани како предавачи, кои им ги споделија стекнатите знаења на тема Сајбер безбедност на помалите ученици од V одделение. Со големо задоволство, размена на искуства и дискусии развија способност да се справат од последиците од небезбедно споделување информации и податоци на Интернет, и како заедно да го подобриме користењето на Интернетот во иднина.
Наставник Биљана Тримческа
Учениците од 6то одделение играа игра со откривање на QR кодови- Потрага по богатство. Учениците се натпреваруваа меѓу себе и на забавен начин ги пронаоѓаа одговорите на прашањата кои беа сокриени зад кодовите.
Одговорен наставник: Јулијана Тодоровска






