Недела на информатика во OОУ “Димче Ангелов Габерот” од Демир Капија

Учениците од IIIb одделение од OОУ “Димче Ангелов Габерот” од Демир Капија, под менторство на наставничката Валентина Тодорова, реализираа неколку активности, со кои ја одбележаа неделата на интернетот.

Првата активност беше следење на презентација за безбеден интернет и разговор за правилното однесување на интернет.

Втората активност беше истакнување на чувствата со картички. Преку оваа активност учениците ги увидоа своите различни чувства при исти ситуации.

Третата активност која се реализира, беш

е пишувањето позитивни пораки. Сите ученици добија стикери на кои пишуваа убави зборови и мисли за своите соученици. Откога учениците ги прочитаа пораките, секој ученик кажа како се чувствувал кога ги прочитал убавите мисли наменети за него.

Последната активност беше Кодирање на своето име. Интересна активност, која премина и во кодирање на името на својата симпатија.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s