Учениците од ООУ „Ѓорѓи Сугарев“Битола, како и претходните години, активно се вклучија во одбележување на Денот на безбеден интернет. Оваа година на 7ми Февруари 2023г., учениците од нашето училиште реализираа неколку различни активности со цел подигнување на свеста за безбедност на Интернет.
Имено, учениците од 6то одделение, најпрво преку презентација се запознаа со правилата за безбедно користење на Интернетот, потоа користеа апликација за учење за да определат кое е правилно однесување на Интернет. Потоа имаа можност да споделат свое мислење на linoit табла за споделување. Учениците од 7мо одделение ги проверуваа своите знаења преку Kаhoot квиз, а учениците во 9то одделение креираа едноставни Scrtach проекти на тема 7ми февруари Ден на безбеден Интернет.
Оливера Шиклеска-Грозданова
Наставник по информатика














