Резултати од Неделата на информатиката

ЗАвршија сите активности од Неделата на информатиката 2023. Им благодариме на сите кои учествуваа и направија овој настан да биде уште пообемен отколку претходните години.

Оваа година учествуваа 80 наставници со преку 800 ученици што е најголема бројка до денес.

На нашиот веб сајт објавивме преку 50 написи од наставниците кои реализирале активности со своите ученици.

Во прилог ви даваме линк од сите активности кои беа подготвени оваа годинина кои можете да ги реализирате било кога со вашите ученици.

https://drive.google.com/drive/folders/18hnVq5omOCa5TfBzxveJEOVZyTHwsfL_?usp=share_link

Или погледнете кои училишта учествуваа во активнста на следниот линк.

Недела на информатиката во ООУ Блаже Конески-Аеродром

По повод Недела на информатиката со учениците од VI-1одделение од ООУ Блаже Конески-Аеродром,Скопје  се реализираа повеќе активности:

Наставник: Билјана Индова

Работилница за Денот за побезбеден интеренет

Continue reading

Недела на информатика во ООУ „Ѓорѓи Сугарев“Битола

Учениците од ООУ „Ѓорѓи Сугарев“Битола, како и претходните години, активно се вклучија во одбележување на Денот на безбеден интернет. Оваа година на 7ми Февруари 2023г., учениците од нашето училиште реализираа неколку различни активности со цел подигнување на свеста за безбедност на Интернет. 

Continue reading

Недела на информатиката во ООУ „Страшо Пинџур“ – Неготино

Во рамки на Неделата на информатиката 2023 во нашето училиште се реализираа неколку активности.

Учениците од 5в одделение добија инструкции и шеми за активноста „Графички слики“ и ги правеа сликите по своја желба (избор на полиња и бои), а потоа го запишуваа кодот за секоја слика. На крајот од активноста секој ученик презентираше какви „графички слики“ направил.

Наставник: Јасмина Анѓелкова

Учениците од 6 одделение дискутираа на тема „Каков онлајн пријател си ти?“. На Денот на побезбеден интернет учениците од 6 одделение подготвија и реализираа две работилници. Првата на тема кодирање – Кодирај го своето име ја реализираа со учениците од 4 одделение, а втората на тема – Ден за побезбеден интернет со учениците од 5 одделение. Во тек е и натпревар Потрага по богатството во кој учениците се натпреваруваат кој најбрзо и најточно ќе ги реши загатките кои се кријат зад QR кодовите поставени низ училиштето.

Наставник: Ѓорѓина Димова.

Неделата на информатиката во ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“ – Скопје

Неделата на информатиката се одбележа и во ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“ – Скопје. Учениците од 6 и 7 одделение учествуваа во неколку различни активности при што ги користеа ресурсите од веб страниците на УНИЦЕФ (Како да бидеме безбедни онлајн) и http://bezbednonainternet.org.mk. Со голем интерес учествуваа во играта на тема сајбер насилство преку скенирање на QR кодови „скриени“ во училиштето, а научија и дека зборовите болат (https://www.youtube.com/watch?v=1j6YA03hm4k) – активност која заврши со пишување на убави зборови и пораки за своите другарчиња, но и за наставниците. Одговорен наставник: Ирина Иванова

Continue reading

Недела на информатиката во ООУ „11 Октомври“ – Скопје, Центар

Учениците од ООУ „11 Октомври“ – Скопје, Центар неделата на информатиката ја одбележаа со повеќе различни активности. Гледаа и креираа сопствени видео записи на тема безбедно на Интернет, дискутираа за тоа како треба да се однесуваат на социјалните мрежи, учеа за сајбер насилство како и за факти и митови преку QR кодови. 

Наставник: Ирина Иванова

Недела на информатиката во ООУ „Васил Главинов“ – Велес

Во училиштето „ООУ Васил Главинов“, Велес,  ученици од VI и VII одделение се натпреваруваа во активноста „Потрага по богатство“. Овој квиз натпревар предизвика љубопитност и возбуда кај учениците бидејќи решаваа загатки кои се криеја зад QR кодови. Оваа активност беше реализирана по повод одбележување на „Неделата на информатиката 2023“ во периодот од 06-10 февруари под менторство на наставникот по информатика Андонова Милка.

Continue reading

Недела на информатиката во Центар за Странски Јазици WORT Неготино

Со учениците до петто одделение, ја одбележавме неделата на информатика преку креирање едукативен квиз на платформата Plickers, печатење кодирани картици и употреба на истите за да се одговорат прашања поврзани со англиските поими за делови од компјутер и останати електронски уреди.  

Continue reading

Недела на информатиката во ООУ„Кочо Рацин“ – Охрид

Користењето на интернет и социјалните мрежи е дел од секојдневието на младите. Освен што можеме да укажеме на предностите, потребно е да посочиме на опасностите од нивно користење  и да дадеме насоки за заштита и безбедност.

Continue reading

Недела на информатиката во ООУ „Кузман Јосифовски-Питу“-Кисела Вода, Скопје

На 08.02.2023год.  среда  во Основнито училиште „Кузман Јосифовски-Питу“- Кисела Вода Скопје, учениците од VI и VII одд. по повод недела на Информатиката, под менторство на  наставничката по информатика Бојана Мушкарска го одбележаа Светскиот ден „Безбедно на Интернет“.

Continue reading