ВО НАШЕТО УЧИЛИШТЕ СЕ РЕАЛИЗИРАШЕ РАБОТИЛНИЦАТА „БАРОМЕТАР НА ЧУВСТВА“ ВО РАМИКИ НА НЕДЕЛАТА НА ИНФОРМАТИКАТА.
НА ПОЧЕТОКОТ ОД ЧАСОТ ИМ ОБЈАСНИ Continue reading
ВО НАШЕТО УЧИЛИШТЕ СЕ РЕАЛИЗИРАШЕ РАБОТИЛНИЦАТА „БАРОМЕТАР НА ЧУВСТВА“ ВО РАМИКИ НА НЕДЕЛАТА НА ИНФОРМАТИКАТА.
НА ПОЧЕТОКОТ ОД ЧАСОТ ИМ ОБЈАСНИ Continue reading
Во периодот од 10.02.2020 до 14.02.2020 во нашето училиште се спроведоа неколку активности за одбележување на Неделата на информатиката и тоа: Предавање на тема: Ден за побезбеден Интернет со учениците од 6 и 7 одд. Квиз прашања на тема: Онлајн живеење и Активности со кодирање со учениците од 3то до 6то одд.
Вкупно беа опфатени 42 ученика од 3то до 7мо одделение. Активностите беа организирани од двајца наставници Влатко Давитков и Христина Данилова Continue reading
Учениците од IV-4 одд. од основното училиште ,,Тодор Ангелевски” од Битола, под раководство на одделенскиот наставник Тања Марковска, се вклучија во реализирање на активности за Недела на информатиката 2020.
Учениците со интерес следеа презентација за Ден за побезбеден интернет, каде преку организирана активност со букви (А,Б,В,Г) даваа свое мислење на понудените одговори на прашањата. Научија и нови и сигурни начини како безбедно да го користат интернетот. Continue reading
Денот за побезбеден интернет 2020 се одбележа со презентацијата „Дали си добар онлајн пријател“ , kahoot квиз и работилница во која го искажаа своето мислење за онлајн пријател. За одбележување на Неделата на информатиката ја реализиравме работилницата на тема „ Кодирај го своето име “ .Односно се запознаа како се претставува абецедата во компјутерите во комбинација на 1 и 0 и потоа своето име го искодираа во бинарен систем. Continue reading
Во рамките на Неделата на информатиката, во периодот од 10 до 14 февруари 2020 година во нашето училиште ООУ„Гоце Делчев“, Демир Хисар го одбележавме Денот на безбеден Интернет на 11.02.2020 година (вторник).
Во рамките на неделата на информатиката , во период од 10 до 14.02.2020 година ,учениците и наставникот на на V-1 одделение од ООУ,,Дане Крапчев- Скопје, реализираа две од понудените активности .
Активност 1: ,,Кодирај го своето име”– секој ученик доби работни листови со табела ,,Моето име ” и ,,Абецедата претставена со бинарен систем” . Воедно абецедата со бинарен систем имаа можност да ја следат и преку ЛЦД проектор. Continue reading
По повод Недела на информатиката 2020 и светскиот ден за побезбеден Интернет 11 февруари , во нашето училиште беа реализирани повеќе работилници, со учениците од VI одделение со активности кои ги добивме преку електронска пошта како препорака од страна на организаторите на истата . Continue reading
Реализирани активности за Недела на информатиката во I -2 одд од ООУ “Вера Јоциќ” Скопје одд. наставник Билјана Лазареска . Споведовме работилница на тема „Заедно за подобар интернет“. Учениците најпрво направија свои кодови, движења кое се залагаа врз креативност, решавање проблеми и соработка преку игра и други технолошки активности. Нашата цел е да го направат програмирањето повидливо и да ја демистифицираат оваа вештина. Тие треба да научат како функционира технологијата и како ИТ влијае на секојдневниот живот. Преку истражување на широк спектар дигитални теми и теми од технологија и креативно програмирање, тие ќе се поттикнат да ги развијат дигиталните вештини кои им се потребни за денешниот свет. Покрај предностите кои ги има користењето на интернет, дискусијата ја фокусиравме и на опасностите кои демнат на интернет и заклучивме дека освен мерките кои можеме да ги спроведеме, најважно е учениците да водат разговори со родителите, наставниците и отворено да дискутираат за потенцијалните опасности. Беше проследено едукативно видео за злоупотреба на интернетот, каде што учениците активно се вклучија во дискусијата поврзана со надминување на потенцијалните опасности. Потоа на крајот спроведовме Kahoot квиз. Continue reading
По повод Неделата на информатиката и Денот за побезбеден Интернет, кој годинава се одбележуваше на 11 Февруари 2020 год, во нашето училиште (ООУ „Гоце Делчев“ во Демир Хисар) се реализира работилница со 18-те ученици од III-а одд. и одделенскиот наставник Валентина Димоска. На почетокот следеше подготовка за успешна реализација со избор на активности и работилница која одговараше на возраста од учениците и нивни поттик за понатамошно зголемување на интересот за изучување на информатиката, како и нивна безбедност при работа на Интернет (ова се и едни од многуте цели кои се реализираат по предметот Работа со компјутери и основи на програмирањето во III одд. според Наставниот план и програма). Најпрво се дискутираше со учениците за можностите кои ги нуди Интернетот и исто така се информираа како социјалните мрежи и целата онлајн комуникација влијае врз нив и како да се заштитат и да се чувствуваат безбедно додека се на Интернет. Continue reading
Во нашето училиште ,,ООУ Ѓорѓија Пулевски”-Аеродром, се одбележа – Недела на информатика со реализирање на повеќе активности во кои учествуваа учениците од одделенска настава под раководство на наставничката Марија Биковска. Continue reading