Недела на информатиката во ООУ„Стив Наумов“ – Битола

Учениците од ООУ “Стив Наумов” – Битола, го кодираа своето име. По завршувањето на таа активност продолжија да ги користат кодовите за откривање на нови зборови. Одговорен наставник: Даниела Јовановска

Continue reading

Недела на информатиката во „ООУ Васил Главинов“, Велес

Во училиштето „ООУ Васил Главинов“, Велес,  ученици од VI и VII одделение се натпреваруваа во активноста „Потрага по богатство“. Овој квиз натпревар предизвика љубопитност и возбуда кај учениците бидејќи решаваа загатки кои се криеја зад QR кодови. Оваа активност беше реализирана по повод одбележување на „Неделата на информатиката 2023“ во периодот од 06-10 февруари под менторство на наставникот по информатика Андонова Милка

Continue reading

Недела на информатиката во ООУ „Ристо Шуклев“ – Негорци

Второодделенците од ООУ ,,Ристо Шуклев” од Негорци, заедно со наставникот ментор Елизабета Јанева, реализираа неколку активности по повод Недела на информатиката. 

Првата активност ,,Кодирање преку игра” ја реализиравме заедно со учениците од 7 одд.

 и нивниот предм.наставник Нетка Цуклева Андоновска. Заеднички кодираа еднoставни алгоритми, користејќи ја веб страната http:// blockly.games со играта Maze.

Втората активност ,,Играме плочка”, ја реализиравме во нашата училница. ,,Програмерот” даваше наредба, а “компјутерот” требаше да ја изврши.

Continue reading

Недела на информатика во ООУ „Браќа Миладиновци“ – Аеродром

Во рамките на одбележување на „Недела на информатиката“ во нашето училиште ООУ „Браќа Миладиновци“ општина Аеродром, Скопје учениците од 2а одделение заедно со ученици од 7б одделение чиј класен раководител е Билјана Индова, ја реализираа активноста Графички слики која одговараше на возраста на учениците од 2 одделение. Учениците од 7 одделение им даваа насоки на учениците од 2 одделение за правилно реализирање на активноста. На квадратна шема 4х4 учениците ги боеја квадратчињата со цел да добијат шема/цртеж. Потоа на таа шема/цртеж креираа алгоритам со дозволените инструкции. На крај членовите од секоја група ја презентираа својата шема/цртеж, а потоа изработките од групите ги истакнавме во информатичкото катче во училницата. 

Continue reading

Недела на информатика во ООУ „Панајот Гиновски“ – Скопје

На ден 07.02 и 08.02.2023 година ученици од ООУ „Панајот Гиновски“ од следниве паралелки: 6-1, 6-2, 7-1 и 7-2 учествуваа во активности приготвени од страна на училишниот специјален едукатор и рехабилитатор Теодора Костичевска и наставничката по информатика Нора Нурединовска.

Целта на овие активности беше учениците да научат како најбезбедно и продуктивно да го користат интернетот и социјалните мрежи, а со тоа да внимаваат каква содржина споделуваат и на кои од пласираните информации може да им веруваат.

Continue reading

Недела на информатика во ООУ „Гоце Делчев“ – Василево

По повод неделата на информатиката (од 6-10 февруари) во нашето училиште ООУ „Гоце Делчев“-Василево беа реализирани повеќе работилници и активности:

Continue reading

Недела на информатиката во ООУ „Кочо Рацин“ – Охрид

Децата ширум светот секојдневно се присутни на интернет и при тоа имаат можност да ги искусат придобивките и негативните последици од неговата употреба. Идентификувањето на содржините и активностите кои ја нарушуваат безбедноста на децата е клучно за правилно дејствување и преземање понатамошни чекори за справување и намалување на ризиците од неправилното користење. Вклучувањето во Неделата на информатиката (6-10 Февруари) и одбележувањето на Денот на побезбеден интернет е одлична можност да ги нагласиме советите кои ги упатуваме во текот на целата година во однос на тоа како да останеме безбедни при користењето на интернетот.

Continue reading

Недела на информатиката во ООУ „Дедо Иљо Малешевски“ – Берово

По повод неделата на информатиката во нашето училиште ООУ „Дедо Иљо Малешевски“ – Берово, беа изведени низа активности преку кои учениците ќе навлезат во тајните на информатиката и кодирањето. Во овие активности беа вклучени ученици од 6-то и 7-мо одделение. Учениците ги кодираа своите имиња со бинарен код, учествуваа во други активности со кодирање како на пример „Графички слики“, „Играме плочка“, „Кодирање преку игра“,  учествуваа во работилницата Feeling barometer, се натпреваруваа на квиз натпревар на kahoot апликација на Интернет на тема „Како да се однесуваме on-line”, со што преку интеракција и размислување се воведуваа како во програмирањето така и во грижата за нивната безбедност на Интернет.

Continue reading

Недела на информатика во ООУ „11 Октомври“ – Скопје

Неделата на информатиката ја одбележавме со активноста ,,Кодирај го своето име,, а Денот за побезбеден интернет го одбележавме со низа активности:Feeling barometer,  проследивме презентации за безбеден интернет, куси видеа, напишавме правила и ги презентиравме. Учениците со големо задоволство ги реализираа активностите, а најголем интерес поттикнаа видеата за безбеден интернет.

Continue reading

Недела на информатиката во ООУ „Даме Груев“, Битола на часовите по информатика

Во основното училиште Даме Груев од Битола под менторство на наставничката Јасмина Скрчевска, како дел од проектот Недела на информатиката во соработка со Center for innovations and digital education Dig-Ed се реализираа следните активности: графички слики, играме плочка и кодирање преку игра со ученици од VI одделение и имаат за цел промовирање на кодирањето кај учениците, поттикнување и зголемување на интересот кај учениците и развивање на логичкото размислување и креативноста кај учениците.

Continue reading