Реализирани активности за одбележување на Неделата на информатиката во ООУ „Димитар Македонски“, Скопје

Во нашето училиште ООУ “Димитар Македонски” -Аеродром во период од 10-14.02.2020 година, се одбележа неделата на информатиката, и денот на побезбеден интернет (11.02.2020 г) со мотото “Together for a better internet!”, под раководство на предметниот наставник по информатика Биљана Тримческа. Continue reading

Одбележување на Неделата на информатиката во ООУ „Александар Македонски“, Аеродром

Во нашето училиште ООУ “Александар Македонски” -Аеродром се одбележа неделата на информатиката, и денот на побезбеден интернет (11.02.2020 г) со мотото “Together for a better internet!”, под раководство на предметниот наставник по информатика Биљана Тримческа. Continue reading

Активности за реализација ан Недела на информатиката во ООУ „Григор Прличев“, Скопје

Учениците од деветто одделение се натпреваруваа  во квизот на Kahoot и квизот на тема: Дали си добар Он-лајн пријател. Креираа анимации и игри во Скреч на тема Недела на Информатиката и одбележување на денот за Безбедно користење на Интернет 11.02.2020. Учениците од седмо одделение исто така се натпреваруваа во квизот и ги кодираа своите имиња. Учениците од шесто одделение ги кодираа своите имиња. Continue reading

Недела на информатиката во ООУ „Дане Крапчев“ Скопје

Од 10-14 февруари во ООУ “Дане Крапчев“ Скопје беше одржана „Недела на информатиката“.  Во проектот беа вклучени ученици од VI и IX одделение.  Беа реализирани повеќе работилници и активности:

1.Презентација “Побезбедно на Интернет“ со учениците од VI и IX одд. Заедно со учениците ги поминавме прашањата од квизот и дискутиравме за понудените ситуации. Секој ученик имаше можност да се вклучи во дискусијата и да го искаже сопствениот став. Посебно интерено беше кога учениците кажуваа и имаа различни ставови, и се обидуваа да ги одбранат истите. Continue reading

Побудување на интерес за програмирање преку игра

Во рамките на Неделата на информатиката во ООУ „Крсте Мисирков“ се реализираат различни активности кои имаат за цел да ги воведат учениците во основите на програмирањето. Користењето на различни приоди при изучување на програмирањето има за цел побудување на интересот и мотивацијата на учениците. Една од активностите е користење на игра со која се развива логичкото размислување и се прават првите чекори во креирање на програми.

Одбележан Денот на побезбеден Интернет во ООУ „Крсте Мисирков“ Скопје

Во рамките на активностите за промовирање на информатиката, во ООУ „Крсте Мисирков“ Скопје, беше одбележан Денот на побезбеден Интернет. Презентација на тема „Креирај, сподели и поврзи се со почит“ беше извршена од страна на учениците од секцијата по информатика. Истата побуди дискусија помеѓу учениците и изведување на заеднички заклучок дека за побезбеден Интернет секој треба да започне од самиот себе, да се однесува онлајн така како што сака останатите да се однесуваат со него!

 

 

 

Coding is fun – инспирирање и мотивирање на учениците

Во рамките на настанот Coding is fun, како дел од одбележувањето на Europe Code Week, на 12.10.2017 година во ООУ „Крсте Мисирков“ Скопје, се одржа работилница за користење на веб сајтот code.org, кој има за цел да гo побуди интересот на учениците за програмирање. Учениците истражуваа, соработуваа, се забавуваа и ги правеа своите први чекори во програмирањето,

 

 

Одбележан Денот за побезбеден Интернет во ООУ „Крсте Мисирков“, Скопје

Учениците од ООУ „Крсте Мисирков“ Скопје, и оваа година се вклучија во одбележување на Денот за побезбеден Интернет, со цел промовирање на побезбедна и поодговорна употреба на онлајн технологиите, особено меѓу децата и младите луѓе низ светот. Оваа година мотото на кампањата е „Play your part for a better Internet” позади кое стои потребата од позитивна комуникација како во реалниот, така и во дигиталниот живот. Во таа насока учениците од IX одделение, заедно со наставничката по информатика Маја Виденовиќ, организираа низа на активности и работилници со учениците од пониските одделенија чија крајна цел беше поттикнување на размислување за безбедноста на Интернет, како и одговорноста која секој од нас ја има онлајн.

Како почетна активност беше спроведена поделба на брошури за ученици и наставници при што беше дискутирано за тоа што може секој од нас да направи за да може да се чувствуваме побезбедни на Интернет. Со учениците реализирани повеќе работилници кои ја потенцираа потребата од позитивната комуникација („Сите сме различни“, „Носи ги своите борови – позитивни коментари“ и „Сподели срце“), квиз за тоа како треба да се однесуваме онлајн, а беа разгледувани и содржините на сајтот Безбедно на Интернет – www.crisp.org.mk.

Интересот на учениците, како и секоја година, беше огромен. Сите тие се согласија дека позитивната комуникација е значаен сегмент во однос на одговорното и безбедно користење на Интернетот.

This slideshow requires JavaScript.

 

Одбележан Светскиот ден за безбеден Интернет во ООУ „Крсте Мисирков“, Скопје

На 10.02.2015 година во ООУ „Крсте Мисирков“, Скопје се организираа повеќе активности за вклучување на училиштето во акцијата за одбележување на Светскиот ден за безбеден Интернет кој оваа година се спроведуваше под мотото: Ајде заедно да креираме подобар Интернет. Беа реализирани голем број на активности кои имаа за цел запознавање на учениците, наставниците и родителите со придобивките од користењето на Интернетот, како и потенцијалните ризици, а истовремено и им беа понудени и совети за минимизирање на овие ризици. Конкретно беше дискутирано многу за тоа како треба да се однесуваме кога сме на Интернет, што може да очекуваме од другите, но и како да се заштитиме од евентуалните опасности.
IMG_6923
Активностите беа реализирани од страна на учениците кои се членови на информатичката секција во училиштето, под менторство на наставникот по информатика – Маја Виденовиќ. Како почетна активност беше спроведена поделба на брошури за ученици и наставници при што беше дискутирано за тоа што може секој од нас да направи за да може да се чувствуваме побезбедни на Интернет
Со учениците од VI одделение беа реализирани повеќе работилници за етичко користење на Интернетот, квиз – „Каков онлајн пријател си ти“, а беа разгледувани и содржините на сајтот Безбедно на Интернет – http://www.crisp.org.mk. Учениците поставуваа свои правила за однесување на Интернет и слободно може да се каже дека сите овие активности допринесоа за подигање на свеста кај учениците, а се направија и почетните чекори за понатамошно надградување на нивните сознанија кога станува збор за безбедното користење на Интернетот. Интересот на учениците беше огромен, активно се вклучуваа во различни дискусии и сите заеднички изготвија Кодекс за однесување на Интернет.

This slideshow requires JavaScript.


Беше реализирана и работилница со родители со цел инволвирање на родителите во безбедното користење на Интерентот од страна на нивните деца. Присутните родители земаа активно учество во дискусиите кои се однесуваа на предностите кои ги нуди Интернетот, но и можните опасности кои постојат, како и начините за нивно надминување. Заедно со родителите беше разгледан и видео запис за конкретна злоупотреба на Интернетот кој побуди исто така голема дискусија.
Крајниот заклучок беше дека родителите често разговараат со своите деца за начинот на користење на Интернет, што е тоа што може да се користи и како, а честопати и заедно со своите деца работат на разгледување на одредени сајтови со цел оспособување на децата за правилно користење на Интернетот и заштита од евентуалните опасности.

This slideshow requires JavaScript.