Недела на информатиката 2023

Неделата на информатиката и оваа година ќе се реализира во периодот од 6 – 10 февруари. Оваа година одбележуваме 10 години од започнувањето на акцијата. Подготвуваме низа од активности преку кои учениците ќе навлезат во тајните на информатиката и кодирањето. Активностите ќе бидат едноставни за помалите ученици, но и по предизвикувачи за постарите ученици.

Оние наставници кои сакаат да се вклучат во Неделата на информатиката може да ја пополнат следната форма. По завршување на подготовките на сите пријавени ќе им испратиме документ со опис на активности кои ќе се реализираат и се планирани во рамките на неделата, како и сите придружни материјали. Секако, доколку вие имате ваши активности слободно реализирајте ги и можете да ни испратите слики и опис како сте ги реализирале.

Оние кои сакаат по завршувањето на активностите може да ни испратат слики и текст за да ги објавиме на нашиот веб сајт.

Во меѓувреме разгледајте го сајтот од претходните години за идеи.

Ден за побезбеден интернет

Уште еднаш ги споделуваме активносите со кои денес ќе го одбележиме Денот за побезбеден интернет.

Линк до квизот на kahoot. Поради тоа што challenge опцијата во која учениците самостојно го играат квизот е ограничена на 100 ученици максимум, креиравме повеќе копии од квизот и ги објавуваме лилнковите до сите. доколку линкот се исполни со 100 играчи можете на друг линк за играте.

Линк1

Линк2

Линк3

Линк4

Линк5

Линк6

Линк7

Линк8

Линк9

Падлетот на кој учениците може да дискутираат за опасностите на интернет на следниот линк.

Презентација која можете да ја искористите на вашите часови.

Безбедно-на-Интернет-Недела-на-информатиката-1(1)

 

Активности за време на Неделата на информатиката

Доколку сакате да се вклучите во Неделата на информатиката тоа можете да го направите преку:

Играње на Kahoot квиз – квизот секој ученик може да го игра кога сака. Tој е споделен во вид на challenge и се игра индивидуално без потреба од проектор. Но, сепак учениците се натпреваруваат бидејќи се креира една заедничка топ иста од сите играчи.

До Kahoot квизот можете да пристапите преку следниот линк.

Дискусија на падлетот креиран за таа намена. Има 3 теми за дискусија. За да дискутираат на една од темите учениците треба само да кликнат на + под дадената тема и може да дискутираат. Секо ученик да си го напише името и градот во кој учи.

До падлетот може да се пристапи преку следниот линк.

Во среда ќе го поставиме и линкот за Escape room.

Кодирањето во служба на палеографијата

Учениците од основното училиште “Дрежница”, Мостар, Босна и Херцеговина заедно со врсниците од Србија, Хрватска, Македонијаи Босна и Херцеговина, во рамките на eTwinning проектот “Палеографски амбасадори – Меѓународен ден на мајчиниот јазик 2020.”, го одбележаа Меѓународниот ден на мајчиниот јазик 2020. Оснувач и автор на овој проект е Едита Кевро од ОУ “Дрежница”, Мостар, Босна и Херцеговина во партнерство со Валентина Мујичиќ од ОУ “Иса Бајиќ”, Србија, со нејзините проектни соработници Иванка Томиќ, ОУ “Павао Белас”, Хрватска; Аида Петровска ООУ “Димитар Миладинов”, Македонија и Весна Костиќ, ОУ “Јован Дучиќ”, Србија. Овој проект е продолжение на одлична и плодна соработка уште од 2019 година. Учениците пишуваа пораки, закони, теореми и се потпишуваа на глаголица.

 

Недела на информатиката во ООУ„Страшо Пинџур“ – Неготино

Во рамки на Неделата на информатиката 2020 во нашето училиште се реализираа различни активности.

Во периодот од 10-14 февруари се реализираше натпревар Escape Room. Учениците од 6 и 7 одд. преку решавање на неколку информатички загатки треба да го пронајдат уредот кој е скриен во кабинетот по информатика и со тоа да ја спасат Планетата Земја. Continue reading

Неделата на информатиката во ООУ „Гоце Делчев“ – Неготино

По повод неделата на информатиката во нашето училиште ООУ Гоце Делчев-централно и п.у.Д.Дисан беа изведени низа активности во кои беа вклучени ученици од 6-то, 7-мо, 8-мо и 9-то одделение. Учениците ги кодираа своите имиња со бинарен код, се натпреваруваа на квиз натпревар поединечно и во тимови на kahoot апликација на Интернет на тема „Како да се однесуваме on-line”, со што преку интеракција и размислување се воведуваа како во програмирањето така и во грижата за нивната безбедност на Интернет. Continue reading

Неделата на информатиката во ООУ Св. Климент Охридски“ с.Драчево

Во рамките на одбележување на „Неделата на информатиката“ во нашето училиште се одржа интересен час-  Escape room ( Соба за бегство) во корелација на предметите биологија и информатика. Ментори на часот беа наставниците Биљана Илиева и Снежана Проковиќ.
Тема на часот беше Крвоток и користење на микробит.
Во активноста беа вклучени три тима ученици од VII-1  и VIII-1  одделение. Задоволството од успешната реализација на ваков час беше и кај учениците и кај нас, наставниците,  како нивни ментори.

Доклку сакате да реализирате ваков час можете да ги искористите подготовката, наставните ливчиња кои со нас несебично ги споделија колешките.

Недела на информатиката – Escape room

крвоток

Работни листови – Escape room

Неделата на информатиката во ООУ „Кузман Јосифовски – Питу“, Скопје

Ние сме од ООУ Кузман Јосифовски Питу во општина Кисела Вода Скопје,од паралелка 82 со класен раководител Татјана Нанкова. Ние во рок од 10.02.2020 (Понеделник) до 17.02.2020 (Понеделник) ги изработивме слединте актвивности во рамките за Недела на информатиката:

Continue reading

Неделата на информатиката во ООУ„Блаже Конески“ – Скопје

Денови за заштита на интернет во рамките на Недела на информатиката.

Во нашето училиште ООУ„Блаже Конески“ –Скопје на 14.2.2020г. во I -1 одделение со одделенскиот наставник Јадранка Клисарова се реализира час „Заштита на интернет“ во рамките на Недела на информатиката.
Continue reading

Реализирани активности за Недела на информатиката во IV -1одд од ООУ “Вера Јоциќ” Скопје

Реализирани активности за Недела на информатиката во IV -1одд од ООУ “Вера Јоциќ” Скопје одд. наставник Виолета Ванева . Споведовме работилница на тема „Заедно за подобар интернет“. Учениците најпрво ја работеа работилницата „барометар на чувства” тие трребаа да ги стават картичките во зависност од тоа какви чувства истите предизвикале кај нив. Беше проследена презентација за побезбеден интернет, каде што учениците активно се вклучија во дискусијата поврзана со надминување на потенцијалните опасности. Учениците играа пренеси го безбедниот интернет во форма на балон користејќи мрежа направена со волница, движење кое се залагаа врз креативност решавање проблеми и соработка преку игра. Покрај предностите кои ги има користењето на интернет, дискусијата ја фокусиравме и на опасностите кои демнат на интернет и заклучивме дека освен мерките кои можеме да ги спроведеме, најважно е учениците да водат разговори со родителите, наставниците и отворено да дискутираат за потенцијалните опасности. Потоа на крајот спроведовме Kahoot квиз кој учениците со задоволство го работеа.