Активности по повод Недела на информатиката во ООУ „Димката Ангелов Габерот“ – Кавадарци

Неделата на информатиката беше обележана и во ООУ „Страшо Пинџур“, ООУ „Димката Ангелов Габерот“ Кавадарци, како и во ПОУ „Димката Ангелов Габерот“ с. Сопот, од страна на наставничката по информатика, Горица Мицева.

Децата беа возбудени и ангажирани посебно во Escape room, а покрај тоа имаа можност да го кодираат своето име и презиме како и да се едуцираат Како побезбедно на интернет.  Во активностите беа вклучени ученици од 6то, 7мо и 9то одделение. Continue reading

Одбележана Неделата на информатиката во ООУ „Гоце Делчев“ – Центар, Скопје

Од 07-14.02.2020 во нашето училиште беа одбележани Неделата на информатиката и Денот за побезбеден интернет во второ одделение со наставничката Биљана Стојановска.

Кодирањето им помага на децата да ги визуелизираат апстрактните концепти и им дозволува да бидат забавни и креативни. Кодирањето е основна писменост во дигиталното време и многу е важно децата да го разберат и користат овој  принцип на технологијата. Continue reading

Активностите во ООУ „Панајот Гиновски“ во рамките на Неделата на информатиката

Недела на информатиката во ООУ”Панајот Гиновски” со наставничката Благородна Сотиров. Во рамките на глобалната акција “Together for better Internet” се реализираа активности за поттикнување на безбедното користење на интернетот кај учениците. Continue reading

Неделата на информатиката во ООУ „Браќа Миладиновци“

ООУ Браќа Миладиновци од Скопје во месец февруари со низа активности ја одбележа „Неделата на Информатиката“. Во истите учествуваат ученици од информатичка секција, осмо и петто одделение со наставниците Билјана Индова и Божидар Мишиќ. Continue reading

Реализирани активности за одбележување на Неделата на информатиката во ООУ „Димитар Македонски“, Скопје

Во нашето училиште ООУ “Димитар Македонски” -Аеродром во период од 10-14.02.2020 година, се одбележа неделата на информатиката, и денот на побезбеден интернет (11.02.2020 г) со мотото “Together for a better internet!”, под раководство на предметниот наставник по информатика Биљана Тримческа. Continue reading

Одбележување на Неделата на информатиката во ООУ „Александар Македонски“, Аеродром

Во нашето училиште ООУ “Александар Македонски” -Аеродром се одбележа неделата на информатиката, и денот на побезбеден интернет (11.02.2020 г) со мотото “Together for a better internet!”, под раководство на предметниот наставник по информатика Биљана Тримческа. Continue reading

Активности за реализација ан Недела на информатиката во ООУ „Григор Прличев“, Скопје

Учениците од деветто одделение се натпреваруваа  во квизот на Kahoot и квизот на тема: Дали си добар Он-лајн пријател. Креираа анимации и игри во Скреч на тема Недела на Информатиката и одбележување на денот за Безбедно користење на Интернет 11.02.2020. Учениците од седмо одделение исто така се натпреваруваа во квизот и ги кодираа своите имиња. Учениците од шесто одделение ги кодираа своите имиња. Continue reading

Недела на информатиката во ООУ „Дане Крапчев“ Скопје

Од 10-14 февруари во ООУ “Дане Крапчев“ Скопје беше одржана „Недела на информатиката“.  Во проектот беа вклучени ученици од VI и IX одделение.  Беа реализирани повеќе работилници и активности:

1.Презентација “Побезбедно на Интернет“ со учениците од VI и IX одд. Заедно со учениците ги поминавме прашањата од квизот и дискутиравме за понудените ситуации. Секој ученик имаше можност да се вклучи во дискусијата и да го искаже сопствениот став. Посебно интерено беше кога учениците кажуваа и имаа различни ставови, и се обидуваа да ги одбранат истите. Continue reading

Неделата на информатиката во ООУ „Кирил и Методиј“ – Велес

Во периодот од 10.2.2020 до 14.2.2020 година во ООУ „Св.Кирил и Методиј“ Велес беше одбележана Неделата на информатиката прику реализација на едукативни работилници. Во нив учествуваа ученици од второ до седмо одделение, а истите ги подготвија и реализираа наставникот по информатика Родне Петрушева и психологот Соња Ристовска. Continue reading

Денот за побезбеден интернет во ООУ „Вера Јоциќ“

Училиштето „Вера Јоциќ“ го одбележало Денот за побезбеден интернет во рамки на Неделата на информатиката. На 11.02.2020 год.  се одбележа : # Ден на побезбеден Интернет- Together for a better internet # – презентација игра и Kahoot квиз.