Резултати од Неделата на информатиката

ЗАвршија сите активности од Неделата на информатиката 2023. Им благодариме на сите кои учествуваа и направија овој настан да биде уште пообемен отколку претходните години.

Оваа година учествуваа 80 наставници со преку 800 ученици што е најголема бројка до денес.

На нашиот веб сајт објавивме преку 50 написи од наставниците кои реализирале активности со своите ученици.

Во прилог ви даваме линк од сите активности кои беа подготвени оваа годинина кои можете да ги реализирате било кога со вашите ученици.

https://drive.google.com/drive/folders/18hnVq5omOCa5TfBzxveJEOVZyTHwsfL_?usp=share_link

Или погледнете кои училишта учествуваа во активнста на следниот линк.

Недела на информатика во ООУ „Гоце Делчев“ с.Горбинци

Во рамки на Недела на информатиката од 06 02 до 10.02.2023 година учениците од 3 одделение при ООУ Гоце Делчев село Горбинци општина Свети Николе со одговорниот одделенски наставник Билјана Мишева се потрудија да се погрижат за безбеден интернет при користењето.Учениците се запознаа со инсталирање на програмата Kids Plase која е добра за родителите да имаат увид за своите деца како и колку користат безбеден интернет.Самата програма ги ограничува учениците и укажува како да се заштитат.Ја инсталиравме и апликацијата Родителски совети која исто така е многу корисна и прифатлива од страна на родителите..

Continue reading

Недела на информатиката 2023

Неделата на информатиката и оваа година ќе се реализира во периодот од 6 – 10 февруари. Оваа година одбележуваме 10 години од започнувањето на акцијата. Подготвуваме низа од активности преку кои учениците ќе навлезат во тајните на информатиката и кодирањето. Активностите ќе бидат едноставни за помалите ученици, но и по предизвикувачи за постарите ученици.

Оние наставници кои сакаат да се вклучат во Неделата на информатиката може да ја пополнат следната форма. По завршување на подготовките на сите пријавени ќе им испратиме документ со опис на активности кои ќе се реализираат и се планирани во рамките на неделата, како и сите придружни материјали. Секако, доколку вие имате ваши активности слободно реализирајте ги и можете да ни испратите слики и опис како сте ги реализирале.

Оние кои сакаат по завршувањето на активностите може да ни испратат слики и текст за да ги објавиме на нашиот веб сајт.

Во меѓувреме разгледајте го сајтот од претходните години за идеи.

Ден за побезбеден интернет

Уште еднаш ги споделуваме активносите со кои денес ќе го одбележиме Денот за побезбеден интернет.

Линк до квизот на kahoot. Поради тоа што challenge опцијата во која учениците самостојно го играат квизот е ограничена на 100 ученици максимум, креиравме повеќе копии од квизот и ги објавуваме лилнковите до сите. доколку линкот се исполни со 100 играчи можете на друг линк за играте.

Линк1

Линк2

Линк3

Линк4

Линк5

Линк6

Линк7

Линк8

Линк9

Падлетот на кој учениците може да дискутираат за опасностите на интернет на следниот линк.

Презентација која можете да ја искористите на вашите часови.

Безбедно-на-Интернет-Недела-на-информатиката-1(1)

 

57 училишта вклучени во Неделата на информатиката

Уште 4 денови до почетокот на активностите од Неделата на информатиката. До сега се вклучија 57 училишта со над 60 наставници.
И оваа година активностите ќе се реализираат во рамки на Stem Discovery кампањата 2020. Доколку се уште не сте се вклучиле можете тоа да го направите со пријава на следниот формулар.

Недела на информатиката 2020

Активностите по повод Неделата на информатиката оваа година ќе се реализираат во периодот од 10 – 14 февруари. Оваа година главен поддржувач на активностите е Центарот за иновации и дигитална едукација ДИГ-ЕД.

Како главна активност организиравме Соба за бегство (Escape room) како иноватитен метод кој сметаме дека на учениците ќе им биде интересен. Сите загатки во собата се од областа на информатиката и во согласност со наставните содржини. Покрај Собата за бегство подготвивме и неколку unplugged активности кои може да ги  реализирате по ваш избор, како и еден kahoot квиз за Денот за побезбеден интернет 11 февруари.

Доколку сакате да се вклучите во активностите пополнете ја следниот формулар.  Ќе добиете на email од нашиот пакет со работилници и материјали за реализација на работилниците.

Наставниците кои ќе учествуваат ќе добијат сертификат како и промоција на нивните активности во вид на напис на нашиот сајт.

 

Неделата на информатиката во ООУ „Кочо Рацин“ – Охрид

Во нашето училиште се одбележа НЕДЕЛАТА НА ИНФОРМАТИКАТА со реализирање на неколку активности. Со учениците од 5 то одделение се реализира предавање на тема: Ден за побезбеден Интернет 2018 .Учениците се запознаа со поимот Интернет, можности кои ги дава Интернет мрежата и сл. Се дискутираше со учениците што треба да се направи за да се чувствуваме безбедно на Интернет. Учениците активно учествуваа во дискусијата и научија како да се однесуваат на Интернет и како да постапат ако се најдат во некоја незгодна ситуација. Учениците пишуваа најразлични пораки во вид на
тема: Како да се заштитиме на Интернет односно Безбедно на Интернет.

Реализатор Виолета Петковска одделенски наставник ОУ Кочо Рацин Охрид

Одбележување на светскиот ден за побезбеден Интернет во О.У „Гоце Делчев“ с.Стенче и О.У „Коста Рацин„- општина Брвеница, Тетово

По повод светскиот ден за побезбеден Интернет, кој годинава се одбележуваше на 06 Февруари, во нашето училиште беа реализирани повеќе работилници со учениците од седмо и осмо одделение. Целта на овие работилници беше да се поттикнат учениците на позитивна промена на Интернет. Уште од најмлада возраст да превземат контрола врз својата дигитална благосостојба и да ги истражат начините т.е можностите кои Интернетот им ги нуди на позитивен начин. Преку овие работилници учениците исто така се информираа како социјалните мрежи и целата онлајн заедница влијае врз нив, како да се справат со различни притисоци онлајн, да креираат позитивни пораки и споделуваат почит додека се на Интернет.

За таа цел учениците следеа презентација со содржини кои ги поттикнаа на дискусии за темата.

Потоа, учениците добија листови за размислување за конкретни ситуации од нивното секојдневие, кои требаа да ги обојат во соодветна боја во зависност од тоа какви чувства таа ситуација предизвикала кај нив. Кога сите беа готови, ги споредивме обоените шеми и видовме дека боите се поклопуваат кај различни ученици, што значи дека една ситуација која кај еден ученик предизвикува среќа истото го прави и кај повеќе други ученици. Сличен ефект имаше и со ситуацииите кои предизвикуваа тага и вознемиреност кај учениците. Заеднички заклучивме дека кога објавуваме нешто на Интернет секогаш треба да размислиме од своја гледна точка дали тоа не прави среќни или не растажува, зошто голема е веројатноста дека истото чувство ќе биде предизвикано и кај другите кои ќе ја прочитаат објавата.

Во следната активност на учениците им беа презентирани различни искази за кои имаа можност да гласаат со кревање рака, дали се вистинити или лажни, со што расчистивме многу дилеми во врска со објавувањата на социјалните мрежи. На крајот, секој ученик доби парче од една голема сложувалка со задача да напише какво добро дигитално дело ќе направи денес или како ќе го направи Интернетот подобро место за секој од нас да се чувствува убаво. Сите парчиња ги составивме во една голема сложувалка и заклучивме дека ако секој го направи своето добро дигитално дело, ако секој го исполни своето ветување, навистина ќе направиме позитивна промена  на Интернет.

Учениците од седмо одделение, дел од активностите ги реализираа со примена на ИКТ- како мултимедијални презентации каде имаа можност да ги поврзат знаењата од часот по Информатика, во дизајнирање на презентациите и поставување ефекти на анимација и преод на слајдови.

Учениците пак од осмо одделение, дел од советите за креирање и споделување почит на Интернет ги вметнаја во своите програми во Скреч- вежбајќи ги структурите за повторување на циклуси кои ги научија за време на часовите по Програмирање.

Сите активности се реализираа под раководство на наставникот по Информатика Лена Ѓеровска.

 

Одбележан Денот за безбеден интернет во ОУ„Панајот Гиновски“ – Скопје

Одбележан денот за безбеден интернет во ОУ„Панајот Гиновски„ Нашето училиште и оваа година беше активно во одбележување на денот за безбеден интернет. Активностите ги заполнавме со интересни драматизации на следните теми: Создади, Поврзи и Сподели почит. Драматизациите ги подготвија учениците од IX-те одд, а ги одиграа пред учениците од петтите одделенија, кои подоцна подготвија пораки . За учениците од VI одд се реализираше работилница на тема “Create, connect and share respect: A better internet starts with you”.

Учениците од V одд на часовите проследија и презентација, а потоа ги подготвија пораките.

 

 

Работилница со родители

Како една од активностите кои се одржаа беше и работилницата со родителите. Учениците подготвија теми кои се интересни за нив, а на истоте разговараа, дебатира со родителите.

Недела на информатиката во ООУ „Кирил и Методиј“ – Стајковци

Одбележан денот за безбеден интернет во ООУ„Кирил и Методиј„ -Стајковци И оваа година, како и претходните во нашето училиште спрведовме активности со кои го одбележавме Денот на безбеден интернет. Учениците од V одд, после презентацијата, подготвија пораки за безбеден интернет. Учениците од од VI одд реализираа работилница на тема “Create, connect and share respect: A better internet starts with you”.

 

 

 

 

Работилница со родители

Како една од активностите кои се одржаа беше и работилницата со родителите. Учениците подготвија теми кои се интересни за нив, а на истите разговараа, дебатира со родителите.