Одбележан Денот за побезбеден интернет во ООУ „Страшо Пинџур“ – Неготино

Денес во ООУ „Страшо Пинџур“ – Неготино беше одбележан Денот за побезбеден интернет. Учениците од 6 одделение со наставничката по информатика Ѓорѓина Димова реализираа работилница на тема: „Креирај, поврзи се, сподели почит: Подобриот интернет започнува со тебе“.

Недела на информатиката 2018

Неделата на информатиката за оваа година ги планира следните активности:

  • одбележување на Денот за побезбеден интернет 2018
  • активности за промовирање на програмирањето

За одбележување на Денот на побезбеден интернет можете да организирате предавање на тема „Подобриот интернет започнува со тебе“. За таа цел можете да ја искористите презентацијата која е во прилог на овој напис.

Исто така можете да искористите и едно од трите сценарија па преку играње на улоги да се зголеми свеста за побезбедно однесување на интернет.

Исто така ќе се реализираат и работилници за промовирање на програмирањето меѓу учениците. Доколку организирате ваков тип на работилници испратете ни извештај и слики со цел да ги споделиме со што повеќе училишта. Наш предлог е да се организираат Scratch работилници за учениците да изработат кратки програми и да се запознаат со основите на програмирањето. Доколку веќе работите ве охрабруваме да споделите.

Оние училишта кои работат со micro:bit уреди исто така може да се вклучат и да споделат со останатите како ги користат во наставата.

Минатата година Неделата на информатиката беше прогласена за најдобар настан за промовирање на СТЕМ во конкуренција од 280 настани во цела Европа на натпреварот All Stem – All Stars.

Прилози:

Презентација за Денот на побезбеден интернет   МК-Safer-Internet-Day-2018-Assembly-Presentation-for-11-14-year-olds

Сценарија:

Сценарио-1-CREATE Сценарио-2-CONNECT Сценарио-3-RESPECT

Неделата на информатиката во ООУ „Димче Ангелов Габерот“ – Демир Капија

Во ООУ Димче Ангелов Габерот –Демир Капија, (06.02 -10.02.2017 год.) се реализираа низа активности со кои се одбележа „Неделата на информатиката“.

-Во текот на неделава  учениците од шесто и седмо одд. учествува во QR предизвикот. Кодовите беа скриени  низ училиштето. Учениците со своите телефони ги скенираа и ги откриваа прашањата кои се криеја зад нив. Во текот на следната недела треба да ги достават одговорите. Заклучокот беше дека учењето може да биде многу забавно.

-На 7 февруари се одбележа „Денот за побезбеден интернет“ преку работилница со учениците и презентирање на претходно подготвени презентации на тема: „Дигитален отпечаток  и моќта на фотографијата“.

-Се изработи хамер со многу корисни компјутерски совети од областа на интернет безбедност.

Активностите ги организираше наставничката по информатика Весна Јовановиќ.

 

Предавање на тема Безбедно користење на интернет во ООУ „Панајот Гиновски“ во 4 одд.

Предмет: Работа со комјутери и основи на програмирање

Тема: Безбедно користење на интернет

Датум: 9.02.2017

Одделенски раководител: Мартин Поповски

12На 9.02.2017 година во ОУ Панајот Гиновски од Скопје се одбележа Меѓународниот ден за безбеден интернет со низа активности. Свое предавање пред учениците од 4-1 одделение имаше Билјана Савеска, дпиломиран програмер. На едночасовното предавање таа ги потенцираше можните ризици од користењето на интернетот, како и бенефитите кои ги нуди интернетот. Предавачот постојано беше во интеракција со учениците кои поставуваа интересни прашања.

Учениците ги проширија своите знаења во областа на безбедно користење на интернетот.

16730776_10208548270170800_758366982_n

Недела на информатиката во ООУ „Димитар Македонски“, Скопје

И оваа учебна година учениците од ООУ „Димитар Македонски“, Скопје земаа учество преку повеќе активности во одбележување на Денот на безбеден интернет- 07.02.2017, преку прокетот  „Недела на информатиката“.

Учениците од 6то и 7мо одделение пројавија особен интерес за QR предизвикот: се трудеа да ги откријат кодираните прашања кои беа поставени во повеќе училници и што побрзо да ги одговорат. Прашањата беа во вид на QR кодови. Учениците работеа во мали групи, при што до израз дојде натпреварувачкиот дух помеѓу учениците и групите.

Не беше помало ниту задоволството од учеството во Kahoot предизвикот. Учениците покажаа дека посебно задоволство им е да користат мобилни апликации, и воедно одлично се снаоѓаат со нив. Преку одговарање на прашањата од материјалот за 6то и 7мо одделение, повторно дојде до израз натпреварувачкиот дух меѓу учениците. Посакаа почесто да има слични активности, како дел од наставните и воннаставните активности по сите предмети.

Учениците од 6то одделение ги проследија и презентациите „Моќта на фотографијата“, при што се разви продуктивна дискусија и учениците јасно ги разбраа пораките од презентациите.

Наставник по информатика

Јулијана Тодоровска

 

„Промената си ти – обединети за подобар интернет“ Одбележан денот за безбеден интернет во ОУ„Панајот Гиновски“ – Скопје

„Моќта на фотографијата“
Сведоци сме на брзиот развој на технологија, а бенефитите од тој развој го користат и нашите најмали. Оваа година во активностите се приклучија и учениците од IV и V одделение, бидејќи учениците од овие одделенија користат мобилни телефони, а има и такви кои се активни на социјалните мрежи. Оваа година на учениците им беше прикажана презентацијата „Моќта на фотографијата“ преку која стекнаа знаења за личните податоци и како да ги заштитат. Исто така на учениците им беа прикажани и кратки филмови за безбедно однесување на интернет од следниот веб сајт: www.crisp.org.mk.

Ден на безбеден интернет во ООУ„Кирил и Методиј„ – Стајковци

9На 07.02.2016 година насекаде низ светот се одбележува Денот за безбеден интернет, а оваа година одбележувањето е под мотото “Be the change. Unite for a better Internet”. Како и во претходните години, така и оваа нашето училиште учествуваше во активностите предвидени за овој ден.

Пред учениците од IV и V одд. беше презентирано и се дискутираше за моќта на фотографиите, кои учениците ги поставуваат на социјалните мрежи или на Интернет.

Учениците од VI одд., го прифатија Kahoot предизвикот и се натпреваруваа меѓусебно, поделени  во групи. Како победници на крајот беа Филип Мартиновски, Александар Димковски и Ива Кипева.

Потоа им беше прикажана презентација „Моќта на фотографијата“.

QR предизвик за  учениците од VII одд

Како дел од активностите беше спроведен и QR предизвик помеѓу учениците. Учениците ги откриваа QR кодовите и ги одговараа. Оваа игра предизвика голем интерес, но и го поттикна и натпреварувачкиот дух помеѓу учениците.

Одбележан Денот за побезбеден интернет во ООУ „Крсте Мисирков“ – Скопје

Учениците од ООУ „Крсте Мисирков“ Скопје, и оваа година се вклучија во одбележување на Денот за побезбеден Интернет, со цел промовирање на побезбедна и поодговорна употреба на онлајн технологиите, особено меѓу децата и младите луѓе низ светот. Оваа година Денот на побезбеден Интернет се одбележа на 07.02.2017 под мотото е „Be the change: Unite for a better Internet” позади кое стои потребата сите заедно да придонесеме за побезбеден Интернет.

На учениците од VI одделение им беа посочени содржините на сајтот Безбедно на Интернет –www.crisp.org.mk и беше дискутирано во врска со истите. Интересот на учениците како и секоја година беше огромен.

Се реализираа работилници со учениците од VI и VII одделение на тема „Фотографиите кои ги постираш“ кои поттикнаа огромен интерес кај учениците. Се дискутираше за фотографиите кои ги поставуваат онлајн, какви се информации можат да се добијат од нив, на што треба да внимаваат кога објавуваат фотографии, што се тоа лични податоци и како да ги заштитат своите лични податоци.

Учениците активно земаа учество во дискусиите, отворено разговараа за нивните активности онлајн, прашуваа прашања и беа заинтересирани како да се заштитат онлајн. Се дискутираше како сите заедно со мал напор можеме да допринесеме за побезбеден Интернет.

 

Наставник по информатика

Маја Виденовиќ

 

Одбележан Денот за побезбеден интеренет во ООУ „Страшо Пинџур“ – Неготино

Во ООУ „Страшо Пинџур“ – Неготино се одбележа Денот за побезбеден интернет. Се реализираа работилници со учениците на тема „Фотографиите кои ги постираш“ на кои со учениците се разговараше за тоа какви информации даваат фотографиите кои ги ставаат на интернет, што се тоа лични податоци и како да ги заштитиш своите лични податоци. Исто така на учениците им беа прикажани и кратки филмови за безбедно однесување на интернет од следниот веб сајт: www.crisp.org.mk.

Предлог активности за Неделата на информатиката

Почитувани!

logoВи благодариме што се вклучивте во активностите по повод Неделата на информатиката. Како активности подготвивме две игри кои можете да ги играте со учениците од 6 и 7 одделение.

1. QR предизвик

Во прилог ги добивате 10 QR кодови во кои се крие по едно прашање. Прашањата ги добивате во посебен документ. Кодовите испечатете ги и поставете ги низ училиштето. Учениците поделени во тимови нека ги пронајдат кодовите и одговорат прашањата кои се кријат зад нив. На крајот на неделата ги предаваат одговорите на сите прашања. Оној тим кој што ќе има најмногу точни одговори е победник/победници.
Кодовите може да ги преземете од тука.

6 одд
7 одд

2. Kahoot предизвик

Подготвивме два квиза на kahoot по едена за 6 и 7 одделение. Се планира и натпревар помеѓу училиштата кој би се организирал преку skype конференција. За точниот термин ќе се договориме откако сите училишта ќе ги завршат квизовите. Знаеме дека многу од вас работат во повеќе училишта и во различни смени затоа решивме да бидеме флексибилни и секој наставникк да ги заврши активностите во времето кога му одговара.

Линковите за квизовите ќе ги објавимте дополнително.

3. Денот за побезбеден интернет

На 7 февруари ќе се одбележи Денот за побезбеден интернет. Преведовме и објавивме две презентации со кои можете да го одбележите денот. Можете да ги преземете од нашиот сајт.

Сите активности сликајте ги и испратете ни да ги објавиме. Исто така ако користите twitter постирајте со тагот #Nedelanainformatikata

Се надеваме на успешна Недела на информатиката. Доколку нешто не е јасно слободно пишете ни.

Можете да искористите и некоја од нашите работилници поставени на линкот.

Активностите ќе се реализираат и како дел од активностите во проектот Stem Alliance.

Недела на информатиката