Активности на III/4 од ООУ „Тодор Ангелески“ – Битола

Учениците  од  III /4 одд  при ООУ ,, Тодор Ангелевски “  Битола    активно се вклучија во одбележување  на недела на Информатиката.  Се реализира неколку активности  :

Активност –  Барометар  на чувства  –  се запозна дека луѓето имаат различни чувства  и ситуации Continue reading

Одбележан Денот за побезбеден интеренет во ООУ „Страшо Пинџур“ – Неготино

Во ООУ „Страшо Пинџур“ – Неготино се одбележа Денот за побезбеден интернет. Се реализираа работилници со учениците на тема „Фотографиите кои ги постираш“ на кои со учениците се разговараше за тоа какви информации даваат фотографиите кои ги ставаат на интернет, што се тоа лични податоци и како да ги заштитиш своите лични податоци. Исто така на учениците им беа прикажани и кратки филмови за безбедно однесување на интернет од следниот веб сајт: www.crisp.org.mk.

Презентации за Денот за побезбеден интернет

Во прилог ви даваме две презентации кои можете да ги искористите на Денот за побезбеден интернет кој ќе се реализира во вторник на 07 февруари.

Истите се превод од презентациите на сајтот: www.saferinternetday.org

 

Недела на информатиката 2017

%d0%bf%d0%be%d1%81%d1%82%d0%b5%d1%80И оваа година се подготвуваат активности по повод Неделата на информатиката. Активносите се планираат во периодот 06 – 10 февруари. Училиштата кои сакаат да се вклучат во активностите може да ни пишат на nedelanainformatikata@gmail.com.

Во следните денови следуваат информации за конкретните работилници, квизови и игри преку кои ќе се промовира информатиката како наука во основното образование.

 

Во ООУ „Васил Главинов“ – Велес е одбележан Денот за побезбеден интернет 2016

Работилница: Сподели срце

На 09.02.2016 година во ООУ „Васил Главинов “ објект 2, Велес се организираа повеќе активности за вклучување на учениците и училиштето во акцијата за одбележување Денот за побезбеден интернет 2016..

Учениците од 3 одд со наставничката Лила Арсова  реализираа голем број на активности кои имаа за цел запознавање на учениците, со придобивките од користењето на Интернетот, како и потенцијалните ризици, а истовремено и им беа понудени и совети за минимизирање на овие ризици.

Како вовед на учениците најпрвин им ја презентиравме презентацијата за денот за побезбеден интернет. Учениците се на возраст од 8 години и имаа многу прашања во однос на безбедното користење на интернетот .Можеа да истражуваат на страницата на http://bezbednonainternet.org.mk/content/view/57/1/lang,mk/

и создадоа свој правилник за безбедноста на интернет и истите ги запишаа како пораки на листови а потоа направија книга „Безбедно на интернет “ за нивната училишна библиотека.

Самиот настан за учениците предизвика голем интерес ,активно се вклучија и во анкетниот прашалник на кој се потрудија да одговорат.

Заедно разгледавме и видео запис за конкретна злоупотреба на Интернетот кој побуди исто така голема дискусија.Се договоривме во иднина да ги искористиме и едукативните игри за приватност и безбедност на интернет

Учениците за крај нацртаа срце на лист хартија и го исполнија со позитивни пораки и истите ги разменија со своите другарчиња од помалите одделенија

Активностите поврзани со безбедноста на интернет нашето училиште и понатаму ќе ги спроведува со цел да се подигне свеста за приватност и заштита кај учениците.

Недела на информатиката 2016

И оваа година Неделата на информатиката ќе реализира активности во периодот 08-12 февруари. Во рамки на неделата ќе се одбележи и Денот за побезбеден интернет 2016. Следните денови ќе објавиме предлог активности кои можете да ги реализирате со своите ученици во училиштата. Оние кои сакаат да ни се продружат или кое ќе реализираат активности може да ни испратат порака на следниот email: nedelanainformatikata@gmail.com. Извештаите од вашите активности кои ќе ни ги испратите ќе ги објавиме со ваша дозвола на веб сајтот.

Ве охрабруваме да објавувате пораки и на твитер со таг #NedelanaInformatikata.

Во меѓувреме може да ги разгледате работилниците кои веќе сме ги подготвувале претходните години и доколку најдете некои од нив да се интересни можете да ги реализирате.

 

Повик до училиштата

Училиштата кои сакаат да се вклучат во одбележувањето на Денот за побезбеден интернет може да ни пишуваат на електронската пошта: nedelanainformatikata@gmail.com.

Ќе добиете упатства за тоа какви активности да организирате во вашето училиште по повод овој ден. Исто така доколку имате и ваши идеи слободно пишете ни.

Можете да го разгледате сајтот и да ги видите работилниците кои досега ги имаме подготвено и реализирано со нашите ученици.